1 јули (настани)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
1097  Започнала Битката кај Дорилеја во текот на Првата крстоносна војна помеѓу Турците Селџуци и крстоносците.
1147  Започнала Опсадата на Лисабон која траела се до 25 октомври 1147 година. По ова Лисабон бил преземан од страна на португалците и крстоносците.
1520  Тажната ноќ“ (La Noche Triste) — здружените мексиканско-индијански сили, предводени од Ацтеките, ги поразуваат шпанските конквистадори на чело со Ернан Кортес.
1867  Стапил во сила Актот за британска Северна Америка, со кој се обединиле покрините Канада, Њу Бранзвик и Нова Шкотска во Канадска конфедерација. Ден на Канада.
1921  Во Шангај е основана Комунистичката партија на Кина.
1962  Руанда и Бурунди се здобиваат со независност.
1963  Битлси го издаваат еден од најуспешните синглови на сите времиња - She Loves You - во Велика Британијa.
1979  Сони го патентира вокменот.
1997  Предавање на суверенитетот над Хонг Конг од Велика Британија на НР Кина.
2000  Пуштен во употреба Ересундскиот мост помеѓу Данска и Шведска