Прејди на содржината

Шели-Ен Фрејзер-Прајс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Шели-Ен Фрејзер-Прајс
Фрејзер-Прајс на Светското првенство 2013
Лични податоци
НационалностЈамајка Јамајка
Роден(а)27 декември 1986(1986-12-27)(37 г.)
Кингстон, Јамајка
ЖивеалиштеКингстон, Јамајка
Висина&100000000000001520000001,52 м[1]
Тежина52 kg (115 lb)
Спорт
СпортАтлетика
Дисциплини100 м, 200 м
КлубMVP Track & Field Club

Шели-Ен Фрејзер-Прајс (родена на 27 декември 1986 г.)[2] е јамајската атлетичарка на кратки патеки. Фрејзер-Прајс ѝ станала позната на пошироката јавност на Летните олимписки игри 2008, кога на 21 годишна возраст успеала да стане првата жена од Карипските Острови со олимписки златен медал на 100 метри.[3] Во 2012, таа успешно ја одбранила титулата на 100 метри, со што станала само трета жена во историјата со две последователни олимписки титули на 100 метри.

Фрејзер-Прајс го освоила златниот медал на трката на 100 метри на Светското првенство 2009, со што станала само втора атлетичарка во историјата која истовремено е олимписки и светски шампион (по Гејл Диверс). Исто така таа е единствената атлетичарка која двапати истовремено ги поседувала олимписката и светската титула. На Светското првенство 2013 таа станала првата атлетичарка со златни медали на 100 метри, 200 метри и 4x100 метри на едно светско првенство. Фрејзер-Прајс исто така е само втора жена во историјата која истовремено ги имала во сопственост светските титули на 60, 100 и 200 метри.[4]

Наречена „џебна ракета“ поради ситната фигура (таа е висока 1,52 м) и експлозивниот почеток, таа го поседува четвртото најбрзо време во историјата на 100 метри од 10,70 секунди, поставено во Кингстон во 2012.[5][6]

Летни олимписки игри 2008

[уреди | уреди извор]

Фрејзер, која за олимписките игри тренирала заедно со Асафа Пауел, станала првата јамајска атлетичарка која освоила олимписки златен медал во дисциплината 100 метри. Во првата рунда квалификации, таа завршила на првото место со време од 11,35 и се пласирала во втората рунда во која го подобрила своето време на 11,06 секунди, завршувајќи прва во својата група. Во полуфиналето Фрејзер повторно завршила прва, истрчувајќи пред Керон Стјуарт и Муна Ли за 11,00 секунди.

Во финалето, сите три јамајски спринтерки завршиле на подиумот. Фрејзер го освоила златниот медал и го постигнала своето најдобро време во кариерата од 10,78 секунди, кое за 0,20 секунди било подобро од времињата на нејзините сонароднички Шерон Симпсон и Керон Стјуарт кои во фотофиниш стигнале до сребрениот медал.[7] Времето на Фрејзер било второ најдобро време на 100 м некогаш истрчано од Јамајчанка, и за само 0,04 секунди било послабо од државниот рекорд на Мерлин Оти од 10,74 секунди.[2]

Заедно со Шери-Ен Брукс, Алин Бејли и Вероника Кембел-Браун, Фрејзер исто така настапила и во штафетната дисциплина 4×100 метри. Во квалификациите, јамајскиот тим завршил на првото место пред Русија, Германија и Кина. Време од 42,24 секунди кое тие го постигнале било најдобро меѓу шеснаесетте тимови. Со овој резултат, Јамајка се пласирала во финалето, во кое Брукс и Бејли биле заменети со Симпсон и Стјуарт. Како и да е, Јамајка не ја завршила трката поради грешка при предавањето на штафетната палка.[7]

Светско првенство 2009

[уреди | уреди извор]
Фрејзер (десно) ја слави победата во Берлин со Керон Стјуарт

На државното првенство на Јамајка, во јуни 2009, Фрејзер победила на трката на 100 метри остварувајќи најдобар светски резултат за таа година од 10,88 секунди. Со оваа победа таа го обезбедила учеството на Светското првенство 2009 кое се одржувало во Берлин.[8] Во финалето во Берлин, Фрејзер ја почнала трката експлозивно победувајќи ја сонародничката Керон Стјуарт за 0,02 секунди со време од 10,73 со што поставила нов јамајски рекорд на 100 метри, кој воедно бил четврти најдобар во историјата и најдобар во сезоната.

Подоцна на првенството, заедно со своите сонароднички таа настапила и во штафетата на 4×100 метри. Фрејзер истрчала извонредно во втората измена, престигнувајќи ги Чандра Старуп од Бахамите, Ана Мелингер од Германија и Кели-Ен Баптист од Тринидад и Тобаго, успешно предавајќи ја палката на Алин Бејли. На крајот, тимот на Јамајка го освоил златниот медал со време од 42,06 секунди пред Бахамите и Германија кои ги дополниле местата на подиумот.

Летни олимписки игри 2012

[уреди | уреди извор]

На патот до игрите во Лондон, Фрејзер-Прајс го подобрила државниот рекорд на 100 метри на 10,70 секунди на изборното натпреварување за олимписките игри. На игрите, таа успешно го одбранила златниот медал на 100 метри, оставајќи ги зад себе Американката Кармелита Џетер и сонародничката Вероника Кембел-Браун.[9]

Фрејзер-Прајс исто така настапила и на трката на 200 метри, каде со истрчаното време од 22,09 секунди кое е нејзин најдобар резултат на оваа делница го освоила сребрениот медал зад Алисон Феликс.[10] Успешниот настап во Лондон, Фрејзер-Прајс го заокружила со сребрениот медал кој го освоила како член на јамајскиот штафетен тим на трката на 4×100 метри.[11]

Светско првенство 2013

[уреди | уреди извор]

На Светското првенство во Москва, Фрејзер-Прајс победила на трката на 100 метри со време од 10,71 секунди, оставајќи ги зад себе Мириел Ауре и Кармелита Џетер. Овој златен медал бил нејзин втор на светските првенства на трките на 100 метри. Таа исто така успеала да го освои златниот медал и на трката на 200 метри со истрчано време од 22,17 секунди. Ова бил нејзин прв златен медал на 200 метри на светските првенства. Трчајќи во последната измена за штафетниот тим на Јамајка на 4×100 метри, таа го освоила третиот златен медал на првенството заедно со Кери Расел, Керон Стјуарт и Шилони Калверт. Нивното време од 41,29 секунди исто така претставувало нов рекорд на првенствата.

Фрејзер-Прајс и Јусејн Болт владееле во спринтерските дисциплини во своите конкуренции, освојувајќи три златни медали на трките на 100 метри, 200 метри, и на 4×100 метри.

Суспензија

[уреди | уреди извор]

Фрејзер-Прајс отслужила шестмесечна забрана од атлетиката откако во примерок од нејзината урина на митингот од дијамантската лига во Шангај во 2010 бил пронајден забранет наркотик, оксикодон.[12][13] Таа тврдела дека имала забоболка, и нејзиниот тренер, Стивен Френцис, ја убедил да земе лек кој тој го користел за камен во бубрег за да ја ублажи болката. Фрејзер-Прајс изјавила дека тој лек го содржел забранетиот наркотик, но тоа таа не го знаела. Сепак, Фрејзер-Прајс презела одговорност за своите постапки изјавувајќи: „Јас сум професионален спортист. Онаа што треба да биде пример за другите – па што и да е ставено во моето тело јас треба да ја преземам одговорноста за тоа, и јас тоа го сторив“.

Личен живот

[уреди | уреди извор]

Фрејзер била именувана за прва амбасадорка на добра волја на УНИЦЕФ од Јамајка на 22 февруари 2010.[14] На 23 февруари 2010, таа била именувана за амбасадор на добра волја за мир за 2010 година во партнерство со Грејс Фудс (Grace Foods) и непрофитната организација PALS (Peace and Love in Society).[15][16]

Во јануари 2011, таа се омажила за долгогодишното момче Џејсон Прајс, и го сменила презимето во Фрејзер-Прајс.[17] Таа е посветена христијанка.[18]

Лични рекорди

[уреди | уреди извор]
Тип Дисциплина Време Датум Место Белешка
На отворено 100 метри 10,70 29 јуни 2012 Кингстон, Јамајка 4 резултат на сите времиња
200 метри 22,09 8 август 2012 Лондон, Обединето Кралство
Во сала 60 метри 6,98 9 март 2014 Сопот, Полска 7 резултат на сите времиња

Титули во дијамантската лига

[уреди | уреди извор]
  • Севкупен победник на 100 метри (2012)
  • Севкупен победник на 100 метри и 200 метри (2013)
  1. Medal Count - Olympic Results & Medalists | IOC Архивирано на 27 август 2012 г.. London2012.com. Посетено на 2013-08-22.
  2. 2,0 2,1 Fraser Expects Great Results in 100 Metres, Jamaica Observer, 13. Aug. 2008
  3. „Jamaica's Shelly-Ann Fraser wins Women's 100m Olympic gold“. Архивирано од изворникот на 2008-12-01. Посетено на 2015-08-21.
  4. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 2015-08-21.
  5. "Smiling Fraser just loves to make Jamaica happy Архивирано на 13 јуни 2012 г.". (2009-08-18). Светска атлетска федерација. Retrieved 2009-08-18.
  6. 2012 London Olympics - Jamaican Shelly-Ann Fraser-Pryce wins 100-meter gold medal - ESPN Los Angeles. Espn.go.com (2012-08-04). Посетено на 2013-08-22.
  7. 7,0 7,1 Athlete biography: Shelly-Ann Fraser, beijing2008.cn, ret: 27 August 2008
  8. Ентони Фостер (28.06.2009). Bolt 9.86 and Fraser 10.88; Walker and Phillips excel over hurdles – JAM Champs, Day 2. IAAF. Посетено на 2009-06-28.
  9. BBC Sport - Shelly-Ann Fraser-Pryce retains Olympic 100m title. Bbc.co.uk (2012-08-04). Посетено на 2013-08-22.
  10. BBC Sport - Allyson Felix wins 200m gold for United States at London 2012. Bbc.co.uk (2012-08-08). Посетено на 2013-08-22.
  11. BBC Sport - London 2012 Olympics - Women's 4 x 100m Relay : Athletics. Bbc.co.uk (2012-08-13). Посетено на 2013-08-22.
  12. BBC Sport - Athletics - Olympic champion Shelly-Ann Fraser fails drugs test. BBC News (2010-07-09). Посетено на 2013-08-22.
  13. BBC Sport - Athletics - Six-month ban for sprint champion Shelly-Ann Fraser. BBC News (2010-10-06). Посетено на 2013-08-22.
  14. Shelly-Ann Fraser named UNICEF ambassador Архивирано на 27 февруари 2010 г.. Track Alerts (2010-02-23). Посетено на 2010-02-23.
  15. Fraser named Goodwill Ambassador for Peace
  16. „Olympic star Fraser gives back to me she is a real Jamaican queen“. Архивирано од изворникот на 2010-02-27. Посетено на 2015-08-21.
  17. Леон Ман (02.05.2011) BBC Sport - Fraser bids to bounce back. Bbc.co.uk. Посетено на 2013-08-22.
  18. Fraser-Pryce a 'church girl' - Lead Stories - Jamaica Gleaner - Tuesday | 14 August 2012. Jamaica Gleaner (2012-08-14). Посетено на 2013-08-22.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
Награди
Претходник
Вероника Кембел-Браун
Најдобра спортистка на Јамајка
2012, 2013
Наследник
Алија Аткинсон
Претходник
САД Алисон Феликс
Светска атлетичарка на годината
2013
Наследник
Нов Зеланд Валери Адамс