Чичевски манастир

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Чичевски манастир
Поглед на главната манастирска црква „Св. Архангел Михаил“ на Чичевскиот манастир
Информации
Целосно име Манастир „Св. Архангел Михаил“ - Чичево
Манастир на: МПЦ - ОА
Основан 1695 - 1705
Посветен на Архангел Михаил
Епархија Повардарска
Цркви „Св. Архангел Михаил“ и „Св. Богородица“
Личности
Место
Место помеѓу Долно и Горно Чичево, Општина Градско, Македонија Македонија
Координати 41°33′49.33″ СГШ 21°51′56.05″ ИГД / 
Видливи остатоци 2 цркви, конак

Чичевски манастирмакедонски православен манастирски комплекс сместен во атарот на велешкото село Горно Чичево во срцето на етногеографската област Клепа. До манастирот води пат, кој се одделува од локалниот пат кој ги поврзува селата Долно и Горно Чичево и е во лоша состојба.

Манастирот има две цркви — „Св. Архангел Михаил“ и „Св. Богородица“.[1][2] Двете цркви, како и целокупниот манастир, се наоѓаат во лоша состојба.

Историја[уреди | уреди извор]

Спрема неговиот летопис манастирот е подигнат како мала црквичка во периодот од 1695 до 1705 година од калуѓерот Михаил со помош и заштита на велешкиот Аго-бег. Годината на подигањето на манастирот се потврдува и од бронзениот печат на манастирот (Орле) кој како таков манастир никаде не постои, а во неговата содржина е вградено името на „Св. Архангел“ и сликата на Архангел Михаил. Околу рачката на печатот е гравирана и годината 1705. Мајстор на печатот бил Симон Костадинов, кој е и пишувач на натписот. Од овој податок произлегува дека првобитната црква не е подигната порано од почетокот на XVIII век. Во втората половина на XIX век, старата манастирска црква била обновена, реновирана и зографисана од зографот Хаџи Крсте во 1861 година, и така го добила денешниот облик и изглед. Тогаш манастирот добил нова куполна црква, светла и голема висока камбанарија крај неа.

Поново време[уреди | уреди извор]

Чичевскиот манастир почнувајќи од 1945 година е оставен без никаква заштита од атмосферските влијанија, човечката негрижа и вандализмот од жителите на соседното село Водоврати. Манастирските конаци на манастирот биле користени од страна на сточарите кои ги напасувале своите овци во близината на манастирот, користејќи ги неговите пасишта и неговите чешми за вода. Старите манастирски конаци се целосно уништени и се останати само руини од нив.

Во близина на главната манастирска црква „Св. Архангел Михаил“ се изградени нови конаци и трпезарија.

Музејски експонати[уреди | уреди извор]

Денес во Музејот на Македонија во Скопје има една поголема групација на фрагменти на фрескоживопис од средината на XV век кој потекнува од овој манастир. Од олтарниот простор на некогашната црква се претставите на тројца архиереи насликани во медалјони. Првиот меѓу нив е големиот чудотворец и епископ на кипарскиот Тримуртин, Свети Спиридон, до него е насликан епископ чија сигнатура е целосно исчезната, а во третиот медалјон е насликан Св. Методиј. Од истата црква од делот околу олтарната преграда потекнуваат претставите на многу почитуваниот Христов архиереј св. Никола и фигурата на славниот монах, основоположникот на египетското монаштво - Св. Антониј.[3]

Цркви[уреди | уреди извор]

Св. Архангел Михаил

Црквата „Св. Архангел Михаил“ е главната манастирска црква. Таа е изградена во 1861 година од Андреја Дамјанов, еден е од најголемите градители на сакрални објекти на Балканот. Црквата во 1981 година е прогласена за споменик на културата, додека во 2013 година било донесена одлука на комплетна санација на објектот и иконите.[4]

Св. Никола

Црквата „Св. Богородица“ се наоѓа во понезавидна состојба. Таа е целосно руинирана и потребна е реставрација. Се наоѓа во непосредна близина на главнтата манастирска црква.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 
  2. Според кажување на мештанин. Забележано од Марио Шаревски и Тони Ристовски на 8 декември 2015 година.
  3. Оддел за историја на уметност
  4. Т., Д.. „Ќе се реставрира храмот на најголемиот балкански градител“, „Вечер“, Вечер Прес, 17 септември 2013 (посет. 22 февруари 2016 г). (на македонски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]