Чигоринова одбрана

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
abcdefgh
8
Chessboard480.svg
a8 црн топ
b8 црн коњ
c8 црн ловец
d8 црн дама
e8 црн крал
f8 црн ловец
g8 црн коњ
h8 црн топ
a7 црн пешак
b7 црн пешак
c7 црн пешак
e7 црн пешак
f7 црн пешак
g7 црн пешак
h7 црн пешак
c6 црн коњ
d5 црн пешак
c4 бел пешак
d4 бел пешак
a2 бел пешак
b2 бел пешак
e2 бел пешак
f2 бел пешак
g2 бел пешак
h2 бел пешак
a1 бел топ
b1 бел коњ
c1 бел ловец
d1 бел дама
e1 бел крал
f1 бел ловец
g1 бел коњ
h1 бел топ
8
77
66
55
44
33
22
11
abcdefgh

Чигоринова одбнрана е шаховско отворање, кое своето име го добило по познатиот руски шахист од 19. век Михаил Чигорин. Чигориновата одбрана е ретко играна варијанта во Даминиот гамбит, која настанува со потезите:

1. d4 d5
2. c4 Sc6

Чигориновата одбрана прекршува неколку класични принципи. Црниот не го заштитува пешакот на d5, с-пешакот е блокиран и црниот мора да се бори за размена на ловец (шах) за коњ. (Чигорин, ловечката двојка ја вреднуиувал помалку од некои други шаховски мајстори; некои велат дека повеќе сакал да игра со 2 коња отколку со 2 ловци во сите позиции .[се бара извор]) Во замена, црниот добива брз развој и врши притисок во центарот со својот коњ.

Иако, со развојот на теоријата на отворањето се пронајдени подобрувња и за обете страни, ова отворања се чини дека повеќе му одговара на црниот, и обично служи како изненадувачко оружје против одиграниот Дамин гамбит од страна на белиот. Александар Морозевич е можеби единствениот од најдобрите шахисти денес, кој редовно ја игра оваа варијанта, иако во осумдесеттите години на 20. век Василиј Смислов го одиграл ова отворање против Гари Каспаров. Морозевилч исто така има објавено книга за Чигориновата одбрана[1], во која и за обете страни го изнесува теоретскиот и личниот поглед во отворањето.

Поврзано[уреди | уреди извор]


Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Александар Морозевич и Владимир Барски, Чигориновата одбрана според Морозевич, 2007