Прејди на содржината

Црква „Св. Илија“ - Лесково

Координати: 41°4′8.8″N 21°19′2.3″E / 41.069111° СГШ; 21.317306° ИГД / 41.069111; 21.317306
Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Илија
македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Крушевско-демирхисарско
Парохија Сопотничка
Местоположба

Карта

Координати 41°4′8.8″N 21°19′2.3″E / 41.069111° СГШ; 21.317306° ИГД / 41.069111; 21.317306
Место Лесково
Општина Демир Хисар
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Пророк Илија
Изградба XIX век / 1980
Архитектонски опис
Архит. тип еднокорабна

Св. Илијацрква кај демирхисарското село Лесково. Му припаѓа на Крушевско-демирхисарското архијерејско намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА. Денес црквата е во урнатини, а обновената црква е сместена на друго место во атарот.

Стара црква

[уреди | уреди извор]

Старата Црква, која денес е во урнатини, е гробишен храм, сместен во Долната Маала на Лесково (41°13′22″N 21°07′08″E / 41.2228° СГШ; 21.1190° ИГД / 41.2228; 21.1190). Изградена е кон крајот на XIX век.[1] Ова е еднокорабна градба со висок дрвен свод и полукружна апсида на исток. Ѕидаријата е од кршен камен, а отворите и венецот е од делкан бигор. Покривот е на две води со ќерамиди, а тој на апсидата е со камени плочки. Фасадите се фугирани. На северниот и јужниот ѕид одвнатре има пиластри кои продолжуваат како ребра на сводот. Внатрешноста е малтерисана, но без живопис. Иконостасот е од даски. На запад има трем со приземје и кат. На влезот стои икона од Пророк Илија.[1]

Нова црква

[уреди | уреди извор]

Новата црква со истото се наоѓа во месноста Илиница, на 1,5 км источно над селото. Таа е еднокорабна, со малтерисана и варосана фасада. До неа има чешма и помошни објекти. Обновена е во 1980 г.[2] врз темелите на средновековна црква со истото име,[3] која веројатно била првата селска црква посветена на пророкот Илија.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 Димитров, Никола В. (2017). Географија на населби - Општина Демир Хисар (PDF). Битола. стр. 53. ISBN 978-608-65616-4-2.
  2. „Лесково“. Мој Роден Крај. Архивирано од изворникот на 2018-08-18. Посетено на 28 декември 2021.
  3. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 139. ISBN 9989-649-28-6.