Црква „Св. Илија“ - Богомила
Свети Илија | |
Поглед на црквата | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Повардарска |
| Архијерејско намесништво | Велешко |
| Парохија | Богомилска |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 41°35′35.3″N 21°28′9.7″E / 41.593139°N 21.469361°E |
| Место | Богомила |
| Општина | Чашка |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Свети Илија |
| Архитектонски опис | |
| Архит. тип | еднокорабен |
Свети Илија — гробишна селска црква во азотското село Богомила, Македонија.[1]
Местоположба
[уреди | уреди извор]Црквата е сместена на западниот крај на селото, односно во горниот дел на селото, со што и го носи името „Горна Црква“.
Историја
[уреди | уреди извор]Според мештаните, ова е постариот од двата традиционални селски храма. Црквата веројатно потекнува од XIII век.[2]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Претставува мала еднокорабна црква со издолжена полукружна апсида на источната страна. Изградена е од кршен камен.[3]
Од првичната градба сочуван е само олтарниот дел и неговиот фрескоживопис. Подоцна, во продолжение на остатоците од старата градба изградена е трпезарија.[2]
Покривот е на две води. Храмот се состои од два дела — сегашниот олтарен простор вкопан во земјата всушност претставува стара црква, а новиот дограден дел има улога на трпезарија.[4] Пред самата црква се чува оригинална долга камена чесна трпеза, доказ за големата старост на храмот.[4][5]
Живопис
[уреди | уреди извор]
Во покровителската ниша јужно од западниот влез во олтарот има допојасна претстава на Свети Илија во зелена наметка со одвиткат свиток со црковнословенски текст и гускино перо во рака. Над неговото лево рамо напишана годината 1872, но сината заднина и сигнатурата се пресликани и се наѕира дел од поедноставниот изорен шрифт. Според уметничките одлики, фреската е од XVII век, пресликана од неук зограф на крајот од XIX или почетокот на XX век. Постар живопис (веројатно не постар од оној од 1872 г.) е средишната претстава на Исус Христос на источната страна, дел од правите фигури на светци од првото подрачје и дел од пророците во медалјони во второто.[4]
Во црквата има икона на Свети Илија од 1939 г. (31 × 22 × 1,8) потпишана од славниот мајстор Димитар Андонов Папрадишки.[3] Во Долната црква на селото, наречена „Св. Атанасиј“, се чуваат царски двери и иконостасни икони од XVII век, меѓу кои има и покровителска икона на Вознесението Илиево, за која се мисли дека можеби е земена од иконостасот на црквата „Св. Илија“.[3]
Галерија
[уреди | уреди извор]- Гробиштата околу црквата
- Трпезаријата
- Влезот од припратата
- Поглед на црквата
- Јужната страна
- Апсидата
- Апсидата
- Sвоното
- Припратата
- Икони во припратата
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Трифуноски, Јован (1977). Област Бабуне и Тополке. Загреб: Хрватска академија на науките и уметностите. стр. 239.
- 1 2 „Богомила“. Посетено на 2025-07-15.
- 1 2 3 Николовски, Дарко (2013). „Резултати од валоризацијата на црквите во селата Богомила и Бистрица во областа Азот, Велешко“ (PDF). Патримониум. Скопје: КАЛАМУС. VI (11): 197.
- 1 2 3 Николовски, Дарко (2013). „Резултати од валоризацијата на црквите во селата Богомила и Бистрица во областа Азот, Велешко“ (PDF). Патримониум. Скопје: КАЛАМУС. VI (11): 198.
- ↑ Николовски, Дарко (2017). „Прилог кон проучувањата на поствизантиската уметност во Општина Чашка, Велешко“ (PDF). Патримониум. Скопје: КАЛАМУС. Χ (15): 279.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Црква „Св. Илија“ - Богомила на Ризницата ?


