Црква „Св. Архангели Гаврил и Михаил“ - Враништа
Црква „Св. Архангели Гаврил и Михаил“ | |
Црквата во 2023 година | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Дебарско-кичевска |
| Архијерејско намесништво | Струшко |
| Парохија | Вранишка |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 41°12′43.21″N 20°39′47″E / 41.2120028°N 20.66306°E |
| Место | Враништа |
| Општина | Струга |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Архангел Гаврил и Архангел Михаил |
| Изградба | 24 мај 2015 година (нова градба) |
| Завршено | 1992 (стара градба) |
| Архитектонски опис | |
Црква „Св. Архангели Гаврил и Михаил“ ― црква во селото Враништа. Се наоѓа во северозападниот дел на населеното место, односно десно од патот кој води кон Велешта.
Историја
[уреди | уреди извор]Првично, храмот бил параклис изграден во 1992 година, во кој имало поставени неколку икони.
Камен-темелникот за изградба на новата градба е поставен на 24 мај 2015 година, од парохискиот свештеник Ристе Наумоски и архиерејскиот намесник протоереј ставрофор Илија Танаскоски,а со овластување и благослов на митрополитот Тимотеј. Црквата е целосно изградена и не е осветена.
Влезните врати на новата градба биле изработени во копаничарското ателје на Новица Столески.[1]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Новиот храм претставува мала правоаголна висока градба, со впишан крст со кратки краци во основата. Средишно над наосот е изградена осмострана купола со 4 прозорци. Влезот од западната страна е поткренат со три скалила. Црквата е изградена од бетонска конструкција и обработен камен.
Галерија
[уреди | уреди извор]Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Влезна врата во црковниот храм „Собор на Св. Архангел Михаил, с. Враништа, струшко“. dveri.mk. Архивирано од изворникот 2023-07-24. Посетено на 24 јули 2023.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Црква „Св. Архангели Гаврил и Михаил“ - Враништа на Ризницата ?


