Прејди на содржината

Црква „Вознесение Христово“ - Долнени

Од Википедија — слободната енциклопедија
Вознесение Христово

Поглед на црквата

македонска православна црква
ЕпархијаПреспанско-пелагониска
Архијерејско намесништвоПрилепско
ПарохијаДолненско-секиречка
Местоположба

Карта

Координати41°25′38.5″N 21°27′14.2″E / 41.427361°N 21.453944°E / 41.427361; 21.453944
МестоДолнени
ОпштинаДолнени
ДржаваМакедонија
Општи податоци
ПокровителВознесение Христово
Завршено1857
Живопис1857
ЗографДимитриј, Ефтим и Ѓорѓи Андонови
Архитектонски опис

Вознесение Христово — главна селска црква во селото Долнени.[1] Сместена е во северниот дел од селото.

Историја

[уреди | уреди извор]

Црквата била изградена и зографисана во 1857 година во време на пелагонискиот митрополит Бенедикт Византиски.[2]

Архитектура

[уреди | уреди извор]

Градбата на црквата е еднокорабна, со правоаголна основа и петострана апсида на источната страна.[2] На секоја страна од апсидата има по една слепа ниша. Влезот на храмот се наоѓа на јужната страна и над него има ниша со фреска во лоша состојба. Објектот е изграден од варовник и е покриен со кров од ќерамиди. Внатрешноста на црквата е живописана, а фрескописот е дело на браќата Димитриј, Ефтим и Ѓорѓи Андонови од Гари.[2]

Дворот на црквата од јужната страна е ограден со метална ограда, а храмот дополнително е ограде од помошен објект на јужната и западната страна, додека на источната страна има бетонска ограда. На јужната страна од помошниот објект се наоѓа влезната прота која води до потесниот двор пред црквата и над неа се издига камбанаријата. Таа е со квадратна основа и се состои од два дела, така што на секоја страна во горниот дел има по една монофора. Во потесниот двор на црквата, во близина на јужната страна има два гробни споменика.

Галерија

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 18. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 1 2 3 Црква „Вознесение Христово“, село Долнени“. OldPrilep. 26 јануари 2015.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]