Црква „Св. Троица“ - Долнени
Изглед
Света Троица | |
Поглед на црквата | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Преспанско-пелагониска |
| Архијерејско намесништво | Прилепско |
| Парохија | Долненско-секиречка |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 41°25′53.3″N 21°27′02″E / 41.431472°N 21.45056°E |
| Место | Долнени |
| Општина | Долнени |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Свето Тројство |
| Архитектонски опис | |
Света Троица – гробјанска црква во селото Долнени.[1] Сместена е во крајниот северен дел од селото, на височина којашто ѝ дава доминантна положба во однос на остатокот од селото.
Архитектура
[уреди | уреди извор]Градбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна. Влезот на црквата се наоѓа на западната страна и над него има празна полукружна ниша. На јужната и северната страна од храмот има по два прозорци. Од источниот ѕид над апсидата и од влезот се забележува дека објектот е изграден од тули.
Во дворот на црквата има трпезарија и во него се наоѓаат селските гробишта.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Западната страна на црквата
- Влезната врата
- Северната страна
- Апсидата
- Трпезаријата
- Селските гробишта
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 18. ISBN 978-608-65143-2-7.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Црква „Св. Троица“ - Долнени на Ризницата ?


