Хеџ фонд

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Приказ на инвестирањата во хеџ фондовите меѓу 2000 и 2007 година

Хеџ фонд (англиски: Hedge Fund) — посебен вид инвестициски фонд кој ги инвестира средствата на богатите поединци.

Опис[уреди | уреди извор]

Хеџ фондовите се нерегулирани инвестициски фондови кои забележале огромен растеж во 21 век. Во светот постојат над илјада хеџ фондови кои управуваат со средства во вкупна врендост поголема од 100 милијарди долари. Основната разлика меѓу нив и инвестициските фондови се сосоти во тоа што клиенти на хеџ фондовите се богатите поединци, обично оние со средства над еден милион долари. Освен тоа, хеџ фондовите имаат статус на еден вид приватни партнерства со најмногу 100 членови. Токму поради нивниот приватен карактер, хеџ фондовите во голема мера се нерегулирани, зашто се претпоставува дека поединците кои инвестираат во овие фондови имаат можност самите да ја надгледуваат нивната работа. Оттука, за овие фондови не важат вообичаените регулаторни ограничувања кои важат за инвестициските фондови во поглед на задолженоста, концентрацијата на средствата и кусата продажба. Исто така, и раководењето со хеџ фондовите значително се разликува во споредба со инвестициските фондови: на пример, менаџерите на овие фондови го инвестираат своето богатство во фондовите со кои раководат; исто така, повеќето хеџ фондови им нудат на менаџерите голема заработка (најчесто, менаџерска провизија од 1 % и 14 % до остварениот профит под услов да се оствари определено минимално ниво). Се смета дека овие два фактори се причините поради кои хеџ фондовите остваруваат подобри резултати од обичните инвестициски фондови, иако истражувањата покажуваат дека тие не се подобри од берзанските индекси. Благодарение на големата задолженост и на ризичните вложувања, некои хеџ фондови успеваат да остварат високи профити, кои во некои години дури биле трицифрени. Меѓутоа, познати се и случаи на големи неуспеси на ваквите фондови, а најпознат е случајот со пропаста на славниот фонд Long-Term capital Management во 1999 година, иако со фондот раководеле најпознатите трговци со хартии од вредност на Вол Стрит и кој ги користел советодавните услуги на познатите економисти Мајрон Шоулс и Роберт Мертон.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. J. Ashok Robin, International Corporate Finance. New York: McGraw-Hill/Irwin, 2011, стр. 407-408.