Руска финансиска криза (1998)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Руската финансиска криза ја погодила на Русија на 17 август 1998 година.

Позадина и причини[уреди]

Намалувањето на продуктивноста, вештачки високиот фиксен девизен курс меѓу рубљата и странските валути, големиот фискален дефицит претставувале главната причина за започнување на кризата. Освен ова, земјата била во војна со Чеченија, каде според некои проценки биле потрошени 5,5 милијарди долари, не вклучувајќи го износнот потребен за обнова на економијата на Чеченија. Во првата половина на 1997 година, Економијата на Русија покажала резултат на подобрување, но веднаш по ова проблемите започнале да се интензивираат. Во 1997 година започнала и азиската криза, која директно влијаела на побарувачката и цената на нафтата и металите.

Освен тоа во земјата во март дошло до политичка криза, кога рускиот претседател Борис Елцин го разрешил премиерот Виктор Черномирдин на 23 март. Сергеј Киријенко, министерот за енергетика, на возраст од 35 години бил поставен на позицијата вршител на должноста премиер на Руската Федерација, а на 29 мај Борис Фјодоров бил назначен за заменик-премиер. Растот на внатрешните заеми можело да се обезбеди единствено преку приливот на странски капитал, кој бил привлечен со многу високи каматни стапки. Од друга страна, внатрешниот долг започанал да не се исплаќа и покрај напорите на владата, посебно во оддалечените реони. До крајот на 1997 година, состојбата на даночните приходи се влошила во голема мера, кое резултирало врз финансирањето на буџетот.

22,6 милијарди долари од страна на ММФ и Светска банка биле одобрени на 13 јули за подршка на реформите и стабилизирање на рускиот пазар. Сепак, руската влада одлучила да го задржи курсот на рубљата фиксен, иако голем дел од економистите повикувале владата да ја напушти политиката за подршка на својата парична единица. На 12 мај 1998 година започнал штрајк на рударите поради неисплатени плати, блокирајќи ја Транссибирската железница. На 1 август долгот на државата кон народотбил околу 12 милијарди долари, главно од неисплатени плати. На 15 јули Државната Дума го одбила планот на владата за антикризни мерки, така што владата била принудена да се потпре на декретите на претседателот. На 29 јули, Елцин го прекинал својот одмор и заминал за Москва каде била подготвувана реконструкција на владата. Така, на чело на премиерското место застанал Владимир Путин.

Но кризата продолжила откако поради недовербата, инвеститорите започнале да ги продаваат своите рубљи и хартии од вредност. Ова ја принудила Централната банка да ги искористи своите девизни резерви за одбрана на париќната единица, кое дополнително ја намалила довербата кон рубљата. Подоцна било откриено дека околу 5 милијарди долари кои биле дадени од ММФ и Светската банка биле ненаменски искористени. На 13 август 1998 година, руските акции, обврзници биле пред колапс како резултат од заплахата за девалвација на рубљата и зголемениот долг.

Руската инфлација во 1998 година достигнала 84 %, а трошоците биле зголемени значително. Голем број на банки, како Инкомбанк, Онексимбанк и Токобанк биле затворени. Цените на скоро сите прехрамбени продукти се зголемиле за 100%, продавниците биле испразнети, останувајќи дури и без најосновните потреби како растително масло, шеќер или прашок за перење. Кризата ја намалила побарувачката за храна, ги зголемила социјалните тензии, а средната класа ги загубила своите заштеди. По ова започнале голем број на штрајкови и демонстрации. Во Москва на улиците излегле преку 100,000 луѓе. Министерот за одбрана ја откажал својата посета на Грција во првата недела од октомври, за да ја следи ситуацијата од земјата, која би можела да излезе од контрола. На 20 октомври, Борис Елцин потпишал декрет за забрана на масовни протести во Москва.

Закрепнување[уреди]

Како главна причина за закрепнувањето на рската економија била зголемувањето на цената на нафтата во текот на 1999 и 2000 година. Така, во тој период Русија имала фолем суфицит. Домашните индустрии, кои имале корист од девалвацијата, предизвикале зголемување на цената од увезената стока[1][2]. За прв пат во историјата на Руската Федерација, стапката на невравотеност во 2000 година се намалила.

Сепак, како главна причина за брзото закрепнување на руската економија било тоа што таа била зависна во голема мера од трговијата и други немонетарни инструменти. Поради ова, финансиската криза во Русија поминала со голема брзина, за разлика од останатите земји од реонот.

Наводи[уреди]

  1. „CIA Site Redirect — Central Intelligence Agency“. Cia.gov. https://www.cia.gov/library/publications/the-world-factbook/geos/rs.html. конс. 26 ноември 2008. 
  2. Stiglitz, Joseph. „The ruin of Russia“, „The Guardian“, 9 април 2003 (конс. 26 ноември 2008).