Даночен рај

Од Википедија — слободната енциклопедија

Даночен рај или рај за даночни обврзници претставува земја или територија каде има ниски стапки на даноци или воопшто ги нема.

Привлечно е за некои поединци и корпоративни субјекти да се преселат во вакви локации со ниски даноци или пак нивоа со нула оданочување. Ваквата ситуација на меѓународно ниво создава даночна конкуренција меѓу владите. Различните јурисдикции имаат тенденција да бидат рај за различни видови на даноци, како и за различни категории на лица и компании.

Тоа што го одликува некое место како даночен рај е постоењето на сложена даночната структура основана намерно да ја искористи, и експлоатира, светската побарувачка за легално одбегнување на данокот.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]