Ханс Ајзенк
Ханс Ајзенк (германски: Hans Eysenck; (4 март 1916 - 4 септември 1997) — германско-англиски психолог, приврзаник на бихевиоризмот и истражувач на личноста.
Ајзенк е роден во Германија, во семејство на родители – глумци кои се развеле кога тој имал само две години. По разводот на родителите за него продолжила да се грижи неговата баба. Во Германија останал сè до неговата 18 годишна возраст кога на власт доаѓаат нацистите, па за него како активен еврејски симпатизер било опасно да остане таму. Од овие причини заминал за Англија каде што го продолжил своето образование на универзитетот во Лондон и во 1940 година докторирал на одделот за психологија.
Во текот на Втората светска војна работел како психолог во еден болнички ургентен центар каде спровел истражување за релијабилноста на психијатриските дијагнози. Добиените резултати биле причина, до крајот на животот да остане остар противник на општоприфатените принципи во клиничката психологија.
По војната, држел предавања на универзитетот во Лондон, а бил и директор на одделот за психологија при институтот за психијатрија кој бил поврзан со витлеемската кралска болница. Има напишано 75 книги и околу 700 написи со што претставува еден од најплодните писатели од областа на психологијата. Се пензионирал во 1983 година, но продолжил да пишува сè до неговата смрт.
Творештво
[уреди | уреди извор]Од многубројните трудови кои ги напишал, како најзначајни за разбирање на неговите теориски постулати се издвојуваат:
- “The Biological Basis of Personality” (1967)
- “Psychology is about People” (1972)
- “Psychoticism as a Dimension of Personality” (1976)
- “Crime and Personality” (1964)
- “Psychology Today” (1989).
|