Фердинанд Фош

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Фердинанд Фош
Ferdinand Foch by Melcy, 1921.png
Маршал Фош во 1921
Роден 2 октомври 1851(1851-10-02)
Тарб, Франција
Починал 20 март 1929(1929-03-20) (воз. 77 г.)
Париз, Франција
Служба 1870–1923
Чин Маршал на Франција
Фелд маршал (Велика Британија)
Маршал на Полска

Фердинанд Фош (Ferdinand Foch) бил француски генерал и маршал во Првата светска војна , назначен за командант на сојузничките сили на 26 март 1918. Инсистирал за тешки мировни услови кон Германија, за таа да се онеспособи повторно да стане закана за Франција и Европа. Бидејќи бил незадоволен со Версајскиот договор, тој ја изрекол реченицата: „Ова не е мир. Ова е примирје на дваесет години.“, која станала вистина по започнување на Втората светска војна.

Биографија[уреди | уреди извор]

Роден е на 26 март 1851 година во Тарб, тука го стекнал првото образование, а потоа учел во Сент Ентјен. Бил учесник во Француско приската војна, по што одлучил да остане во војска. Завршил Политехничко училиште и станал офицер и предавач во тоа училиште. Бил исклучителен предавач на воената академија со постојано истакнување дека првиот услов за да се победи е волјата победата да се освои. За него се зборувало дека бил најоригинален мислител во своја генерација. Бил познат по критички анализи на Француско-пруската војна и Војните на Наполеон.[1] Неговите најпознати дела од воена (офанзивна) теорија се: „Принципи на војната“) објавено 1903 година и „За водење на војната“ објавено во 1904 година. Неговата воена кариера била блескава и на почеток на Големата војна бил генерал-полковник.

Фош во Прва светска војна[уреди | уреди извор]

Се истакнал уште во првите битки со својата тактика спротиставувајќи се на окупацискиот налет на Германија, иако неговиот корпус претрпел тешки загуби, тој во август 1914 напредувал кон линијата Саребург-Моранж. Поразот на XV корпус од десната страна го присилил на повлекување до Нанси откаде тргнал во противнапад и ги запрел Германците да ја преминат реката Мерт. Станал командат на 9 армија во тек на Првата битка на Марна. Имал клучна улога за стабилизација на фронтот и присилување на Германците да се вкопаат во ровови. Во октомври 1914 станал заменик на главниот командант. Во Првата битка кај Ипр неговите тактики биле решителни за запирање на германската офанзива, а Фош станал заеднички командант со генералот Жозеф Жофр. Командувал во Битката кај Арто, во битката на Сома.[2] Поради огромни загуби тој и генералот Жофр биле сменети. Фош бил испратен во Италија. Само неколику месеци подоцна, по неуспех на генералот Робер Нивел, Фош станал началник на генералштабот. Главен командант на сојузничките сили станал на 26. март 1918 година и ги координирал сојузничките активности. Фош го запрел напредувањето на германските сили во текот на големата Пролетна офанзива во 1918 и Втората битка на Марна во јули 1918. На 6 август 1918 година Фош е именуван за маршал на Франција. Заедно со британскиот командант, маршал Даглас Хејг, Фош ја планирал Големата офанзива, што започнала на 26 септември 1918 година со која сојузниците извојувале победа на при што на 11 ноември 1918 година Фош ја прифатил германската капитулација.

Фош и мировните договори[уреди | уреди извор]

На Париската мировна конференција во јануари 1919 година Фош го претставил својот меморандум во кој навел дека:

  • Рајна треба да биде западна воена граница на Германија;
  • На Германија треба да ѝ биде одземено владеење на левата страна на Рајна за да се сопре лесна инвазија преку Белгија;
  • Освен тоа Фош се залагал за сојузниците да ја искористат победата за трајно ослабување на германската воена моќ.

Сметал дека Германија мора да прифати диктирани мировни услови, меѓутоа британскиот премиер Дејвид Лојд Џорџ и американскиот претседател Вудро Вилсон не се согласиле областа околу Рајна да ѝ се одземе на Германија, туку се согласиле со воена окупација на 15 години. Фош бил незадоволен со договорот, кој го сметал за капитулација и предавство. По потпишувањето на Версајскиот договор, тој ја изрекол реченицата: „Ова не е мир. Ова е примирје на дваесет години“. Починал на 20 март во 1929 година во Париз.

Дела[уреди | уреди извор]

  • - Des Principes de la Guerre („Принципи на војната“) (1903)
  • - De la Conduite de la Guerre ("За водењето на војната") (1904)
  • - Mémoires pour servir à l’histoire de la guerre 1914-1918 (Мемоари) (постхумно, 1931)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. http://www.firstworldwar.com/bio/foch.htm
  2. Cowley, Robert; Parker, Geoffrey, eds. (1996). The Reader's Companion to Military History. sponsored by the Society for Military History (1st ed.). Houghton Mifflin. pp. 164–165. ISBN 0-395-66969-3.