Умберто Саба

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Умберто Саба
Umberto Saba
Umberto Saba.jpg
Umberto Saba, 1951
Роден/аУмберто Поли
9 март 1883(1883-03-09)
Трст, Австроунгарија
Починат/а26 август 1957(1957-08-26) (возр. 74)
Горица, Италија
ЗанимањеРомансиер, Поет
ЈазикИталијански
ЖанрФикција, поезија
Книжевно движењеАнтиновецентризам
Сопруг/аКаролина (Лина) Велфер (б. 1909–1956; 1 дете)

Потпис

Умберо Саба (италијански: Umberto Saba), (9 март 1883, Трст26 август 1957, Горица) бил италијански поет и романсиер, роден како Умберто Поли во космополитскиот медитерански Трст кој бил четвртиот најголем град во Австроунгарија . Поли го превзел презимето "Саба" во 1910 година, а неговото име било официјално сменето во Умберто Саба во 1928 година. Од 1919 година тој бил сопственик на книжарница во Трст. Тој страдал од депресија во текот на целиот живот[1].

Живот и кариера[уреди | уреди извор]

Рано го напуштиле родителите. Како дете бил одгледуван во туѓи семејства. Тоа била причината за неговата детска тага која подоцна се претворила во хронична депресија Саба беил посветен читател, чувал миленичиња- птици и свирел на виолина[2].

Во 1900 година тој започнал да пишува поезија, потпишувајќи се со „Умберто Шопен Поли“. Во јануари 1903 година Саба отпатувал во Пиза за да студира археологија, Германски и латински јазик, но започнал да се жали на нервно нарушување и, во јуни , се вратил во Трст. Во јули 1904 година, социјалистичкиот весник," Ил Лавораторе ", го објавил неговите патеписи водени во Црна Гора истиот весник во мај 1905 година, ја отпечатил првата објавена песна на Саба Во 1905 година се запознал со Каролина (Лина) Велфер со која се се оженил според еврејска церемонија во 1909 година.

Во ноември 1910 година е објавена неговата прва збирка песни „Пози“, под името Саба, а името било легално признато како презиме во 1928 година. Овој избор на име (потекнувал од хебрејски) зборови - „сова“ (שובע) што значи „да се биде добро хранет“ или „саба“ (סבא) што значи „дедо“) се смета дека Саба го посветил на својата мајка еврејка.

Во 1919 година, се вратил во Трст и ја купил втората книжарница „„Миланец““, која ја преименувал во „Античката и модерната библиотека“ каде што продавал ретки стари книги.

Во 1939 година Саба побарал изземање од новопрогласените анти-еврејски закони, но не сакал да се крсти во католичката вера, па следната година тој ја продал книжарницата. Саба го напуштил Трст со семејството во Фиренца, каде што се криеле во единаесет различни скривалишта во текот на следните 12 месеци, за да ја избегнат депортација; по што Лина се врати во Трст, а Саба се пресели во Рим. На 70-годишна возраст, во 1953 година, универзитетот во Рим му доделил почесен докторат[3].

Починал на 74-годишна возраст во Гориција, една година по смртта на неговата сопруга.

Влијанието на еврејското потекло[уреди | уреди извор]

Неговиот есеј од 1948 година „Storia e cronistoria del Canzoniere“ („Историја и хронологија на пишувањето песни“) покажувал автобиографски елементи.за (Евреите). „Records and Stories 1910–1947"“ („Записи и раскази 1910-1947 година“) ги опишувал животот на Еврејската заедница во Трст од неговото детство. „Vignette di vita giudaica“ од 1952 година („Вињетите од еврејскиот живот“) во кои се вклучени спомените на неговиот чичко Самуел Дејвид Лузато. Неговите дела укажуваат на неговото знаење и за хебрејскиот и за еврејскиот дијалект во Трст[4].

Творештво[уреди | уреди извор]

  • Песни (1911)[5].
  • Со моите очи (1912)
  • Што останува да прават поетите (1912)
  • Песна книга '(1921)
  • Прелудии и песни (1923)
  • Автобиографија (1924)
  • Затворениците 1924 година
  • Фигури и песни (1926)
  • Предигра и лет (1928)
  • Зборови (1934)
  • Тимот на малиот град (1939)
  • Последни работи (1944)
  • Медитеранот (1947)
  • Птици - нова приказна (1951)
  • Ернесто (1953)

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]