Талес од Милет

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Талес од Милет
'
Illustrerad Verldshistoria band I Ill 107.jpg
Изворно име '
Роден(а) ~ 624 п.н.е
Починал(а) 546 п.н.е
Период Pre-Socratic philosophy
Подрачје Западна филозофија
Школа
Претежна дејност
Значајни идеи

Талес од Милет, (/ˈθlz/; грчки: Θαλῆς (ὁ Μῑλήσιος), Thalēs) е грчки филозоф и научник роден во Милет околу 625 п.н.е и починал околу 547 п.н.е во истиот тој град[1]. Тој им припаѓал на седумтемина древни грчки филозофи кај кои, всушност, се зачнала елинистичката филозофија. Живеел на преминот помеѓу 7-от и 6-от век пред нашата ера. Прочуена е неговата мисла: „Запознај се самиот себе си“. Таа изрека и денес е актуелна. Можеби поактуелна повеќе од кога било во минатото. Албер Ками забележал дека денешниот човек е опседнат од техниката и таа му е речиси единствената грижа. Тој за својот автомобил се грижи можеби многу повеќе отколку за самиот себе. Воопшто, смета дека среќата е во предметите и богатствата што го опкружуваат. Човекот во својата долга историја направил значајни продори во непознатото. Тој успешно го пронашол клучот со кој се отвора вратата на природата за да ги искористи нејзините тајни. Меѓутоа, самиот на себе си е се уште голема непознаница. Кога филозофот Талес од Милет го прашале: „Што е тешко?“, тој одговорил: „Да се познаваш самиот себе си“. На прашањето „Што е лесно?“, неговиот одговор гласел: „Да му дадеш совет на друг“. Талес од Милет ја проучувал природата, астрологијата, математиката Се тврди дека го открил соѕвездието на Малата мечка. Прв го претскажал помрачувањето на Сонцето (во 585-та година пр.н.е.), со што ја стекнал славата на еден од „сеумтемина мудреци“ на антиката. Ја утврдил рамнодневницата, движењето на Сонцето од еден до друг солстициј. Ја учел геометријата кај египетските свештеници, а со помош на сенката ја измерил и височината на пирамидите. За тоа му послужил оној момент кога нашата сенка се поклопува со должината на нашето тело. Во Милет ја основал првата филозофска школа (Јонска школа), а неговата личност обично се става на почетокот на западната филозофија и наука. Наслови на одделни Талесови дела спомнуваат Диоген Лаертиј и Гален, но не е утврдено дека Талес кога било пишувал. Подоцнежните писатели го нарекуваат, како и неговите јонски следбеници, „филозоф“ и во тој назив е содржана ознаката на новиот пристап во посматрањето на природата. Тој пристап е одреден двојно: со математички односно геометриски тип на истражување на односите помеѓу појавите, и филозофска генерализација на искуството. Токму таквата ориентација овозможувала напредок од парцијалните одделни знаења кон целовита концепција на науката. Во филозофската спекулација, која и започнува со него, се искажува нова миславна потреба во материјалистички замислената праматерија, која според Талес е водата, да се пронајде супстанција и причина за разновидните облици на природата. Тој принцип на се, како што го наррекува Аристотел, е прво филозофско вообличување на суштината на стварноста, начин на воопштување кој и потоа останал основа на различни филозофски космологии.

Талес се смета за прв грчки филозоф и прв научник, бележник и вешт морепловец и државник. Тој прв почнал да ги докажува геометриските теореми по рационален пат, дедуктивно. Знаел да го предвиди помрачувањето на сонцето. Се одлуичил како мерач на египетските пирамиди, претскажувач на временските промени. Според Талес праосновата и прапочетокот на сè она што се раѓа и во што по извесно време се враќа е водата (најверојатно Талес ова тврдење го изведол од египетските митови). Светот е еден, неговата праоснова е вечна и бескрајна во едностојно движење, во градење и разградување. Талес тврдел дека светот е жив и полн со божества и со тоа ја изразувал динамиката на светот и неговата творечка моќ. Така тој во оваа смисла ќе рече и за магнетот дека има душа со што ја означувал силата на магнетското привлекување и одбивање. Тој мислел дека земјата е рамна плоча која лежи на вода сообразувајќи се со тоа што му го кажувале неговите сетила.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  1. (Lucien de Samosate 2015, стр. 46, note 7).