Сурва (фестивал)

Од Википедија — слободната енциклопедија
ЗемјаБугарија
Поврзница00968
ОбластПерник
Историја на впишувањето
Впишување2015 (10. сесија)

Сурва (бугарски: Сурва) — меѓународен фестивал на маскенбалски игри од областа Перник во Бугарија, кој секоја година се одржува на 13 и 14 јануари во чест на Новата година според стариот календар. Во 2015 г., овој фестивал бил вклучен во списокот на УНЕСКО за нематеријално културно наследство на светот.[1] Ваков обичај се одржува и во Македонија, односно во селото Ѕвегор, Делчево, наречен Ѕвегорска сурва.[2]

Фестивал[уреди | уреди извор]

Фестивалот го организира општина Перник од 1966 г. Од 1985 г., фестивалот има меѓународен статус. Од 1995 г. Перник е примен како член на Европската федерација на карневалски градови. Од 2008 г., Меѓународниот маскенбалски фестивал се одржува секоја година во последната сабота и недела од јануари.

Неговиот најпривлечен дел е дводневната поворка на маскирани групи од земјата и странство. Во центарот и по градските улици, учесниците се натпреваруваат да ја покажат живописноста на нивните игри и нивните уникатни маски и костими.[3] Мажите во застрашувачки демонски маски со свиткани рогови, долги носеви и испакнати заби се лелеат напред-назад. Нивниот танц по улиците на Перник е проследен со збрканиот звук на ѕвоната што ги носат околу појасот.[4]

На фестивалскиот натпревар учествуваат повеќе од 5.000 луѓе во повеќе од 90 маскенбалски групи од сите етнографски области на Бугарија, како и гости од Европа, Азија и Африка. На првиот фестивал во 1966 г. учествувале 800 луѓе од сите краишта на градот Перник. Фестивалот е проследен со низа настани — претстави, емисии, базари итн.[5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Surova folk feast in Pernik region“. ich.unesco.org. Посетено на 25. 5. 2021. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)
  2. „Обичајот под маски Ѕвегорска сурва во пијанечкиот крај“. Сител Телевизија. Архивирано од изворникот на 2023-10-03. Посетено на 2023-10-03.
  3. „International Festival of Masquerade games "SURVA". carnivalcities.net. Посетено на 26. 5. 2021. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)
  4. „Bulgaria's Surva Festival is a scary parade of monsters that has nothing to do with Halloween“. matadornetwork.com. Посетено на 26. 5. 2021. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)
  5. „International Festival of Masquerade Games "Surva", town of Pernik“. bulgariatravel.org. Посетено на 26. 5. 2021. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]