Прејди на содржината

Ставрос Ламбринидис

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ставрос Ламбринидис
Σταύρος Λαμπρινίδης
Министер за надворешни работи
На должноста
17 јуни 2011 – 11 ноември 2011
Претседател Каролос Папуљас
Претходник Ставрос Димас
Лични податоци
Роден(а) 6 февруари 1962
Атина, Грција
Националност Грк
Партија ПАСОК
Професија политичар
Вероисповед Грчка Православна црква

Ставрос Ламбринидис (грчки: Σταύρος Λαμπρινίδης; роден на 6 февруари 1962 во Атина) е грчки политичар и министер за надворешни работи на Грција од 17 јуни до 11 ноември 2011 година.

Завршил Правен факултет на „Јејл“. Од јуни 2004 станал европратеник, во април 2005 бил избран за координатор, а од 25 ноември 2009 година станал потпретседател на Европскиот парламент надлежен за меѓународни односи. Ламбринидис е и потпретседател на Европската социјалистичка партија и член на Националниот совет на ПАСОК. Инаку од 1988 до 1993 работел како адвокат во Вашингтон и бил соработник на правниот советник на претседателот Клинтон, Лојд Катлер. Од 1994 до 1996 година бил специјален советник на тогашниот заменик-министер за надворешни работи, а потоа и министер за образование, Јоргос Папандреу. Во 1996 година станал шеф на кабинетот на тогашниот министер за надворешни работи Теодорос Пангалос. До 2004 година останал во грчкото МНР на разни позиции[1].

Тој е поранешен попотпретседател на Европскиот парламент и координатор на европратеничката група на ПАСОК.

  1. „Грчката криза ги потопи преговорите за името“. Дневник. 17 јуни 2011. Посетено на 2011-06-18.