Прејди на содржината

Ставрос Димас

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ставрос Димас
Σταύρος Δήμας
Министер за надворешни работи
На должноста
11 ноември 2011  17 мај 2012
Претседател Каролос Папуљас
Премиер Лукас Пападимос
Претходник Ставрос Ламбринидис
Наследник Петрос Моливијатис
Заменик-претседател на Нова демократија
На должноста
Стапил/ -а
2 јули 2010
Водач Андонис Самарас
Претходник основана позиција
Европска комесија за животна средина
На должноста
22 ноември 2004  9 февруари 2010
Претседател Жозе Мануел Баросо
Претходник Маргот Валстром
Наследник Јанез Поточник
Европска комесија за вработување, социјални прашања и вклучување
На должноста
18 февруари 2004  22 ноември 2004
Претседател Романо Проди
Претходник Ана Дијамантопулу
Наследник Владимир Шпидла
Лични податоци
Роден(а) 30 април 1941(1941-04-30)(84 г.)
Атина, Грција
Партија Нова демократија

Ставрос Димас (грчки: Σταύρος Δήμας, роден на 30 април 1941 во Атина) е грчки политичар и поранешен министер за надворешни работи на Грција.

Семејството на Димас потекнува од селото Кленија, Коринтија. Студирал право и економија на Универзитетот во Атина, а во Њујорк магистрирал. Во 1969 година започнал да работи како адвокат за фирма од Вол Стрит, а следната година заминал во Светска Банка. Во 1975 година се вратил во Грција и ја презел функцијата заменик гувернер на Грција.

Во 1977 година станал активен член на партијата Нова демократија, а како член на грчкиот парламент бил избран во десет последователни мандати. Тој ги има извршвано следните функции:

  • Заменик-министер за економска координација (1977-1980)
  • Министер за трговија (1980-1981)
  • Парламентарен портпарол на партија Нова демократија (1985-1989)
  • Министер за земјоделство (1989-1990)
  • Министер за индустрија, енергетика и технологија (1990-1991)
  • Генерален секретар на Нова демократија (1995-2000)
  • Висок член за политичка анализа на Управниот комитет на Нова демократија (2000-2003)

Димас на кратко бил во комисијата на Романо Проди. Како комесар за вработување и социјални работи на Европската унија бил назначен во март 2004 година, и функцијата ја презел од Ана Дијамантопулу. На оваа комисија бил до ноември 2004 година.

Од 11 ноември 2011 година станал министер за надворешни работи на Грција.