Ана Дијамантопулу

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ана Дијамантопулу

Пратеник
Министер за образование
На должноста
7 октомври 2009 – 7 март 2012
Премиер Јоргос Папандреу
Претходник Арис Спилиотопулос
Наследник Јоргос Бабиниотис
European Commissioner for Employment, Social Affairs & Equal Opportunities
На должноста
25 септември 1999 – 18 февруари 2004
Претседател Романо Проди
Претходник Pádraig Flynn
Наследник Ставрос Димас
Лични податоци
Роден(а) 1959
Кожани, Грција
Националност Грк
Партија ПАСОК
Сопружник Јанис Саваланос
Деца Харидимос
Живеалиште Атина, Грција
Установа Солунски универзитет
Професија Civil engineer
Портал www.diamantopoulou.gr

Ана Дијамантополу (грчки: Άννα Διαμαντοπούλου, родена на 1959) е грчки политичар од партијата на ПАСОК, и поранешен министер за образованието на Република Грција. таа е поранешен евро-пратеник.

Ана Дијамантополу е родена во Кожани. Завршила на факултетот за градежништво, но уште пред да го заврши истиот, таа се вклучуила во политичкиот живот на земјата. Во 1984 година станала управител на Кожани, како една од најмладите на таа позиција. На таа функција останала до 1986 година, кога била назначена за главен секретар на образованието. Во 1993 година станала претседател на EOMMEX, органзиација на големите и средните бизниси во земјата.

Во 1996 година станала пратеник. По ова, таа била поставена на функција заменик-министер за развојот. По ова, таа станала евро-пратеник, а по истекот на нејзиниот мандат, таа се вратила во Грција.

По доаѓањето на власт на Папандреу, таа станала министер за образование.

Наводи[уреди | уреди извор]