Теодорос Пангалос
Теодорос Пангалос Θεόδωρος Πάγκαλος Пратеник | |
---|---|
![]() | |
Вицепремиер на Република Грција[1] | |
На должноста | |
Стапил 7 октомври 2009 | |
Премиер | Јоргос Папандреу |
Претходник | нема |
Член на Грчкиот парламент | |
На должноста 1981–2012 | |
Министер за надворешни работи | |
На должноста 22 јануари 1996 – 18 февруари 1999 | |
Премиер | Костас Симитис |
Претходник | Каролос Папуљас |
Наследник | Јоргос Папандреу |
Лични податоци | |
Роден(а) | 17 август 1938 Елефсина, Западна Атика, Грција |
Партија | ПАСОК |
Теодорос Пангалос (грчки: Θεόδωρος Πάγκαλος) (роден на 17 август 1938 година во Елефсина, Западна Атика) е грчки политичар и поранешен вицепретседател на Владата на Република Грција, задолжен како координатор на Советот на министерството за надворешни работи и одбрана (KYSEA).[2].
Пангалос во политичкиот живот на Грција се вклучил во 1967 година, против воената диктатура, и во 1968 година, кога воената хунта го лишела од грчкото државјанство. Во 1981 година бил избран за пратеник на Грчкото собрание од страна на партијата ПАСОК. Во периодот од 1996 до 1999 година бил Министер за надворешни работи на Република Грција. Тој во 1999 година поднел оставка од министерската функција, откако курдскиот националистички водач Абдула Оџалан, илегално влегол и ја напуштил Грција и на крајот бил уапсен при напуштањето на грчката амбасада во Најроби.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ http://www.enet.gr/?i=news.el.article&id=89298
- ↑ „New Papandreou government Cabinet announced“. ANA-MPA. ana-mpa.gr. 2009-10-06. Архивирано од изворникот на 2018-11-11. Посетено на 2009-10-09.
|
- Родени во 1938 година
- Луѓе од Елефсина
- Политичари од ПАСОК
- Министри за надворешни работи на Грција
- Вицепремиер на Република Грција
- Арванити
- Членови на Грчкиот парламент (1981-1985)
- Членови на Грчкиот парламент (1985-1989)
- Членови на Грчкиот парламент (1989-1990)
- Членови на Грчкиот парламент (1990-1993)
- Членови на Грчкиот парламент (1993-1996)
- Членови на Грчкиот парламент (1996-2000)
- Членови на Грчкиот парламент (2000-2004)
- Членови на Грчкиот парламент (2004-2007)
- Членови на Грчкиот парламент (2007-2009)