Сребрен фазан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Сребрен фазан
Lophura nycthemera 4734.JPG
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Кокошковидни
Семејство: Фазани
Потсемејство: Фазани
Род: Кокошкофазани
Вид: Сребрен фазан
Биномен назив
Lophura nycthemera
(Linnaeus, 1758)
Женка

Сребрен фазан (науч. Lophura nycthemera) — вид фазан кој живее во шумовитите планини на Индокина и источна и јужна Кина, но и на Хаваите и разни места во САД како доведено животно. Мажјакот е црно-бел, додека пак женката е претежно кафеава. Двата пола имаат месесто црвено лице и црвени нозе, со што овој вид се разликува од сивоногниот непалски фазан (L. leucomelanos).[2] Често се одгледува во птичарството и начелно е добро застапен во дивина, со исклучок на некои подвидови (особено whiteheadi од Хајнан, engelbachi од јужен Лаос и annamensis од јужен Виетнам), кои се ретки и загрозени.[2]

Оваа птица може да се види во Зоолошката градина во Скопје.[3]

Подвидови[уреди | уреди извор]

Постојат 15 подвидови на сребрен фазан. По таксономски редослед, тие се следниве:

  • L. n. occidentalis Delacour, 1948 — западен сребрен фазан (јужна средна Кина и североисточна Бурма)
  • L. n. rufipes (Oates, 1898) — рубинокопски сребрен фазан (на северот на сојузна држава Шан во северна Бурма)
  • L. n. ripponi (Sharpe, 1902) — Рипонов сребрен фазан (на југот на сојузната држава Шан во северна Бурма)
  • L. n. jonesi (Oates, 1903) – Џонсов фазан (од Бурма до југозападна Кина и среден Тајланд)
  • L. n. omeiensis Cheng, Cheng, and Tang, 1964 — сечуански сребрен фазан (на југот на покраината Сечуан во јужна средна Кина)
  • L. n. rongjiangensi Tan and Wu, 1981 — гуејџоуански сребрен фазан (на југоистокот на покраината Гуејџоу во јужна средна Кина)
  • L. n. beaulieui Delacour, 1948 — лаошки сребрен фазан (од јужна средна Кина до северен Лаос и северен Виетнам)
  • L. n. nycthemera (Linnaeus, 1758)именител (од јужна Кина до северен Виетнам)
  • L. n. whiteheadi (Ogilvie-Grant, 1899) — хајнански сребрен фазан (на островот Хајнан во јужна Кина)
  • L. n. fokiensis Delacour, 1948 — фуѓенски сребрен фазан (југоисточна Кина)
  • L. n. berliozi (Delacour and Jabouille, 1928) — Берлиозов сребрен фазан (западни падини на Анамските Планини во среден Виетнам)
  • L. n. beli (Oustalet, 1898) — Белов сребрен фазан (источни падини на Анамските Планини во среден Виетнам)
  • L. n. engelbachi Delacour, 1948 — болавенски сребрен фазан (на Болавенска Висорамнина во јужен Лаос)
  • L. n. lewisi (Delacour and Jabouille, 1928) – Луисов сребрен фазан (на планините во југозападна Камбоџа и југоисточен Тајланд)
  • L. n. annamensis (Ogilvie-Grant, 1906) — анамски сребрен фазан (планински шуми во јужен Виетнам)

Опис[уреди | уреди извор]

Јајце на сребрениот фазан

Ова е релативно голем фазан, при што мажјаците од најголемиот подвид се долги од 120 до 125 см (од кои 75 см отпаѓаат на опашката), додека пак мажјаците од мајмалиот подвид одвај достигнуваат 70 см (од кои 30 см е опашката).[2] По тежина се движат од 1,13 до 2 кг.[4] Женките од сите подвидови се забележително помали од мажјаците, со големина од 55 до 90 см (од кои 24-32 см отпаѓаат на опашката).[2][5][6] Тешки се 1-1,3 кг.[4]

Мажјаците од северните подвидови се најголеми, имаат бел горен дел и опашка (со извесни црни белези), а долните делови и пувката се синкаво црни. Јужните подвидови имаат посиви горни делови и опашка, со многу повеќе црни белези, што ги прави по изгед многу потемни од северните подвидови.[2] Мажјаците го добиваат полнолетното перје во втората година од животот.[2]

Женките се кафеави и имаат пократки опашки од мажјаците. Кај некои подвидови имаат бел долен дел со изразена црна шара, а кај подвидот whiteheadi шарата се издига и во погорните делови.[2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. BirdLife International (2012). Lophura nycthemera. Црвен список на загрозени видвови на МСЗП, верзија 2013.2. Меѓународен сојуз за заштита на природата. http://www.iucnredlist.org/apps/redlist/details/22679220. посет. 26 ноември 2013 г.  (англиски)
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 McGowan, P. J. K. (1994). Silver Pheasant (Lophura nycthemera). стр. 533 in: del Hoyo, J, A. Elliott, & J. Sargatal (1994). Handbook of the Birds of the World. Vol. 2. New World Vultures to Guineafowl. Lynx Edictions. ISBN 84-87334-15-6
  3. „Сребрен фазан“. Зоо Скопје. http://www.zooskopje.com.mk/srebren-fazan.html. посет. 4 јули 2015 г. 
  4. 4,0 4,1 CRC Handbook of Avian Body Masses by John B. Dunning Jr. (Editor). CRC Press (1992), ISBN 978-0-8493-4258-5.
  5. [1] (2011).
  6. [2] (2011).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]