Димитар Башевски: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: Форматна исправка, replaced: ''' е → ''' —
с →‎Наводи: Замена со тековно име на предлошка, replaced: {{Никулец за биографија}} → {{Биографија-никулец}}
Ред 41: Ред 41:
{{наводи}}
{{наводи}}


{{Биографија-никулец}}
{{Никулец за биографија}}


{{DEFAULTSORT:Башевски, Димитар}}
{{DEFAULTSORT:Башевски, Димитар}}

Преработка од 06:22, 11 февруари 2021

Димитар Башевскимакедонски романописец, поет и преведувач.[1]

Животопис

Димитар Башевски е роден во с. Ѓавато, Битолско на 27 јуни 1943 година. Завршил Филозофски факултет на Универзитетот во Скопје. Долги години работел како новинар, уредник и постојан дописник на весникот „Нова Македонија“ од Атина. Бил директор и главен уредник на издавачката куќа „Култура“. Сега е главен уредник на издавачката куќа „Слово“. Претседател не Македонскиот ПЕН центар. Член на ДПМ од 1969 година.

Дела

  • Туѓинец (роман, 1969)
  • Враќање (роман, 1972)
  • Раска (роман, 1974)
  • Нема смрт додека ѕвони (роман, 1980)
  • Една година од животот на Иван Плевнеш (роман, 1985)
  • Куќата на животот (поезија, 1987)
  • Сарајановскиот каранфил (роман, 1990)
  • Дневникот на Ања (роман за деца, 1994)
  • Привремен престој (поезија, 1995)
  • Совладано време (поезија, 1998)
  • Бунар (роман, 2001)
  • Аголен камен (поезија, 2005)
  • Братот (роман 2007)
  • Во дланката своја си гледам (поезија, 2010
  • Прозорци (роман, 2010)
  • Белег. Сон (поезија, избор, 2012)
  • Прозорци, нова верзија (роман, 2013)
  • Мајсторот (раскази, 2013)
  • Скршнувања (поезија, 2016)
  • Круг (роман, 2017)
  • Избрани дела (во шест тома, 2019)[1][2]

Неговите дела се преведувани и објавувани во странство на англиски, чешки, грчки, романски, српски, црногорски и албански. Застапуван во антологиите на македонската поезија и проза. Преведува од англиски и од словенските јазици.

Награди и признанија

Добитник е на наградите:

Наводи

  1. „Био-библиографски белешки за членовите -Димитар Башевски“. Македонски ПЕН центар. Посетено на 2010-09-19.
  2. Ова се добитниците на државната награда „Св. Климент Охридски“