Охридска пастрмка: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 44: Ред 44:
[[Категорија:Пастрмка]]
[[Категорија:Пастрмка]]
[[Категорија:Фауна на Македонија]]
[[Категорија:Фауна на Македонија]]
[[Категорија:Риби во Охридско Езеро]]

Преработка од 07:24, 13 август 2020

Охридска пастрмка
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Зракоперки
Ред: Пастрмковидни
Семејство: Пастрмки
Род: Пастрмка
Вид: Охридска пастрмка
Научен назив
Salmo letnica

(Karaman, 1924)

Охридска пастрмка (науч. Salmo letnica) — ендемска слатководна риба што живее во Охридското Езеро, а припаѓа на семејството пастрмките. Неколку локални називи се летница, струшка пастрмка, охридска белвица. Максималната должина се движи од 25 до 60 см, а тежина до 15,8 кг. Се мрести од март до мај.

Подврсти

Охридската пастрмка се јавува во три подврсти и тоа:

Опис и градба

Охридската пастрмка се разликува од поточната пастрмка по сплеснатото тело, по малата глава и ѕвездестите сиви пеги по телото. Бојата на месото е кај некои бела, а кај некои розевкаста.

Навики, живеалиште, распространетост

Охридската пастрмка е ендемски вид риба на Балканот и во Европа. Таа е најблизок потомок на видовите што живееле на тоа подрачје уште од периодот на терциерот.

Охридската пастрмка секогаш живее во Охридското Езеро. Денот го поминува во длабочините и на места што се доста оддалечени од брегот, а на површината на водата испливува навечер, кога лови муви. Понекогаш приоѓа до самиот брег, во плитките води, барајќи храна од подводните растенија.

Охридската белвица се наоѓа само во најдлабоките места на езерото и тоа до 200 метри, и се мрести на зима како поточната пастрмка. Сè почесто се лови, па се претпоставува дека ѝ се заканува истребување.

Размножување

Охридската пастрмка се мрести од март до мај, а мелезите се настанати со вкрстување на поточната и охридската пастрмка, кои по телото имаат наизменично распоредени црвени округли и сиви ѕвездести пеги како летницата.

Наводи