Австралиско-новозеландска епархија: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 23: Ред 23:
==Цркви==
==Цркви==
Епархита е доста активна и има големо членство. поделена е на 7 намесништва и има 3 манастири.
Епархита е доста активна и има големо членство. поделена е на 7 намесништва и има 3 манастири.
Најнова црква во епархијата (сост. 2016) е [[црква „Св. Троица“ - Сатерленд|црквата „Св. Троица“]] во [[Сатерленд (Нов Јужен Велс)|Сатерленд]], која е првата македонска гробјанска црква во светот, надвор од Македонија.<ref>[http://www.theleader.com.au/story/3713702/new-chapel-welcomed/?src=rss&utm_source=twitterfeed&utm_medium=twitter ''Macedonian community welcomes new chapel at Woronora Memorial Park'']</ref>
Најнова црква во епархијата (сост. 2016) е [[црква „Св. Троица“ - Сатерленд|црквата „Св. Троица“]] во [[Сатерленд (Нов Јужен Велс)|Сатерленд]], која е првата македонска гробјанска црква во светот, надвор од Македонија.<ref>[http://www.theleader.com.au/story/3713702/new-chapel-welcomed/?src=rss&utm_source=twitterfeed&utm_medium=twitter ''Macedonian community welcomes new chapel at Woronora Memorial Park'']</ref> Под оваа епархија спаѓа и [[Црква „Св. Никола“ - Кабул|црквата-параклис „Св. Никола“]] во [[Кабул]], [[Авганистан]].<ref>[http://www.mpc.org.mk/svetaktuelno.asp?id=3273 ''Параклис на свети Никола во центарот на Кабул, Авганистан (31.10.2008)'']</ref>


== Наводи ==
== Наводи ==

Преработка од 13:20, 14 април 2016

Австралиско-новозеландска епархија

Основач МПЦ
Независност
Признавање Православие
Поглавар Петар
Седиште
Територија Австралија, Нов Зеланд, Азија
Власт
Јазик македонски, старословенски
Верници
Портал http://www.mpceanz.org.au/



Австралиско-новозеландска епархија — една од 12-те епархии на Македонската православна црква. Таа е една од четирите епархии надвор од Македонија и има јурисдикција за териториите на Австралија, Нов Зеланд и териториите околу нив. Од 1995 година администратор на епархијата е митрополитот преспанско-пелагониски Петар.

Проблемите во епархијата

Во Австралиско-новозеландската епархија има недоразбирања зa концептот и мислењето на црквите, парохиите и црковните општини, односно меѓу оние што сакаат да имаат литургиски живот и не сакаат да ги мешаат работите што се однесуваат на културниот живот. Во одделни црковни општини не сакаат да посветат внимание на литургискиот живот и на верата и се занимаваат во други активности што за Австралија не се задолжителни да се случуваат во црквата бидејќи има многу одделни друштва и организации што се занимаваат со тие нешта. Станува збор за две концепции на луѓе што се организирани во црквите и црковните општини - едните што сакаат да бидат и да останат како компании и инкорпорирани асоцијации, а другите што сакаат имотот на црквите да биде во доверба на Македонската православна црква. Поради тоа голем дел на црковни општини не го прознаваат Петар за митрополит и се водат самите себе. Поради тоа МПЦ-ОА на еден собир свикан во 2012 година донел одлука епархијата да се подели на 2 посебни епархии. Едната би го задржала името, а другата би се викала Епархија за Канбера, Австралија и Тасманија. Со двете епархии би раководел еден митрополит. Ова решение е сеупте во мирување.[1] Подоцна едната епархија е наречена Австралиско-сиднејска.

Цркви

Епархита е доста активна и има големо членство. поделена е на 7 намесништва и има 3 манастири. Најнова црква во епархијата (сост. 2016) е црквата „Св. Троица“ во Сатерленд, која е првата македонска гробјанска црква во светот, надвор од Македонија.[2] Под оваа епархија спаѓа и црквата-параклис „Св. Никола“ во Кабул, Авганистан.[3]

Наводи

Надворешни врски