Сосиете Женерал

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Сосиете Женерал (француски: Société Générale) - француска универзална банкарска група.

Историја[уреди | уреди извор]

Банката „Сосиете Женерал“ била основана во 1864 година од група на индустријалци и финансиери, а нејзиното првобитно име било Société Générale pour favoriser le développement du commerce et de l’industrie en France (Општо друштво за подршка на развојот на трговијата и индустријата во Франција), како што било напишано во царскиот декрет потпишан од Наполеон III на 4 мај 1864 година. Сосиете Женерал секогаш му служела на економскиот развој на Франција, особено придонесувајќи во финансирањето на инфраструктурата. Таа била меѓу првите француски банки кои отвориле свои подружници во Лондон и во Русија, во 1870-те, а потоа се проширила во земјите на Магреб, во Њујорк и во Африка.

Организација и менаџмент[уреди | уреди извор]

Со банката раководи Одборот на директори, составен од 14 членови, а на чело на банката се наоѓа Фредрик Одеа.[1]

Финансиски активности[уреди | уреди извор]

Со повеќе од 148.000 вработени во 76 земји, Сосиете Женерал нуди услуги за физички и правни лица и институционални клиенти во три клучни бизниси:[2]

  • Банкарство на мало во Франција, со мрежата на експозитури на Сосиете Женерал, Кредит ду Норд и Бурсорама, нудејќи широк спектар на мултиканални финансиски услуги водени од дигиталната иновација;
  • Меѓународно банкарство на мало, финансиски услуги и осигурување;
  • Корпоративно и инвестициско банкарство, приватно банкарство, управување со средства и услуги со хартии од вредност.

Финансиски показатели[уреди | уреди извор]

Во јуни 2017 година, „Сосиете Женерал“ имала вкупни средства од 1.350,2 милијарди евра, со што била трета најголема француска банка.[3]

Табела 1: Биланс на состојба на Сосиете Женерал (во милиони евра)[4]

Опис 31.12.2017 31.12.2016
Парични средства и депозитни средства кај централната банка 114.404 96.186
Финансиски средства по објективна вредност преку билансот на успех 419.680 500.215
Дериватни средства чувани за управување со ризик 13.641 18.1
Тековни средства достапни за продажба 139.998 139.404
Кредити на и побарувања од банки 60.866 59.502
Кредити на и побарувања од други комитенти 425.231 426.501
Финансиски средства кои се чуваат до достасување 3.563 3.912
Побарувања за данок на добивка (тековен) 6.001 6.421
Останати побарувања 60.562 71.437
Нетековни средства кои се чуваат за продажба и група за отуѓување 13 4.252
Вложувања во придружени друштва 700 1.096
Материјални и нематеријални основни средства 24.818 21.783
Гудвил 4.988 4.535
Вкупни средства 1.275.128 1.354.422
Обврски кон централната банка 5.604 5.238
Финансиски обврски по објективна вредност преку билансот на успех 368.705 440.120
Дериватни обврски чувани за управување со ризик 6.750 9.594
Депозити на банките 88.621 82.584
Депозити на други комитенти 410.633 421.002
Издадени должнички хартии од вредност 103.235 102.202
Разлики во ревалоризацијата на портфолија опфатени со заштитата од ризикот на каматни стапки 6.020 8.460
Обврски за данок на добивка (тековен) 1.662 1.444
Останати обврски 69.139 81.893
Нетековни обврски кои се чуваат за продажба - 3.612
Резервирање на резерви на осигурителни компании 130.958 112.777
Резервации 6.117 5.687
Субординирани обврски 13.647 14.103
Вкупни обврски 1.211.091 1.288.716
Издадени обични акции, сопственички инструменти и капитални резерви 29.427 30.596
Задржана добивка 27.791 25.813
Нето-добивка 2.806 3.874
Нереализирани или одложени капитални добивки и загуби (651) 1.670
Малцинско учество 4.664 3.753
Вкупно капитал и резерви 64.037 65.706
Вкупно обврски и капитал и резерви 1.275.128 1.354.422

Скандалот со измамата на Жером Кервиел[уреди | уреди извор]

Сосиете Женерал важела како една од најдобрите банки во светот во областа со раководењето со ризиците, но сепак се соочила со измама од страна на свој службеник. Жером Кервиел, вработен во банката како трговец на деривати, уште во 2005 година направил една неовластена транскација (спекулација со акции) од која остварил заработка од 500.000 евра. Охрабрен од успехот, тој продолжил да спекулира, мислејќи дека може постојано да остварува заработка. Познавајќи го компјутерскиот систем на банката, Кервиел прикажувал лажни зделки со кои ги прикривал своите спекулативни трансакции. Потоа влегувајќи во системот под различни имиња, тој ги поништувал лажните транскации и на нивно место вметнувал нови. Исто така, тој ја фалсификувал електронската пошта што ја добивал од клиентите, прикажувајќи дека со нив склучувал зделки. Во јули 2007 година му се насмевнала среќата и тој остварил добивка од 1,4 милијарди евра, но свесен дека немал дозвола за склучените трансакции, тој се исплашил од последиците и кај претпоставени пријавил добивка од само 55 милиони евра. Меѓутоа, опиен од успехот, во почетокот на 2008 година, Жером Кервиел отишол до крајни граници, склучувајќи трансакции во вредност од неверојатни 50 милијарди евра што било повеќе од капиталот на банката.

Измамата била откриена на 18 јануари 2008 година, кога контролорите на банката откриле дека една зделка со фјучерси, во вредност од 30 милијарди евра, ги надминува пропишаните ограничувања за тргување, а истровремено, таа била премногу голема во однос на страната со која била склучена (германска брокерска куќа). Кога бил прашан за трансакцијата, Кервиел рекол дека направил грешка т.е дека другата страна од трансакцијата е „Дојче Банк”, но кога банката била контактирана, таа одговорила дека воопшто не склучила таква зделка. Тогаш започнала внатрешната истрага, со која почнала да се отплеткува клопчето, т.е притиснат од контролорите, Кервиел ја признал вината. Најпрвин банката го криела скандалот од јавноста, велејќи дека се работи за мала грешка во компјутерскиот систем, но подоцна во истрагата се вклучило и обвинителството. Вкупната загуба на банката изнесувала 4,9 милијарди евра, што претставувало најголема загуба од тој вид во историјата на банкарството. Кервиел бил притворен и обвинет за измама, а „Сосиете Женерал” била сериозно потресена и морала итно да позајми дополнителен капитал за покривање на загубата. Истовремено, во Франција, Кервиел бил славен како борец против капитализмот, а девојките носеле мајци со натпис „Јас сум девојката на Жером Кервиел”.[5]

Општествена одговорност[уреди | уреди извор]

Сосиете Женерал е една од првите француски банки кои ја претставиле својата обврска за оддржлив развој. Сосиете Женерал е вклучена во главните меѓународни инвестициски индекси за општествена одговорност: Dow Jones Sustainability Index, FTSE4Good, Euronext Vigeo и во пет од индексите STOXX ESG Leaders.[6]

  • Во 2000 година, Сосиете Женерал била основач и единствената француска банка која учествувала во формирањето на групацијата „Волфзберг“, асоцијација на 13 интернационални банки кои се обврзале да се борат против перењето пари и корупцијата.
  • Во 2001 година, Сосиете Женерал се приклучила кон UNEP FI (финансиска иницијатива на Обединетите Нации за програмата за животна средина). Ова партнерство помеѓу Обединетите нации и глобалниот финансиски сектор промовира усвојување на најдобрите практики во однос на одржливиот развој на сите оперативни нивоа на финансиските институции.
  • Во 2003 година, банката пристапила кон Глобалната повелба за разновидност на Обединетите Нации, која ги охрабрува бизнисите да усвојат принципи за човекови и трудови права, како и антикорупциски принципи во своите операции и стратегии.
  • Во 2007 година ги усвоила Екваторските принципи, кои се збир на правила кои ги прифаќаат финансиските институции со цел подобро одлучување, проценување и менаџирање на социјалниот и еколошкиот ризик при финансирање на проекти.
  • Во 2014 година, банката ги поддржала принципите за „зелени обврзници“, т.е. обврзници кои се издаваат од страна на овластени организации или општини со цел развивање на „браунфилд“ локации при кои се нуди даночно ослободување.
  • Во 2015 година се приклучила на пактот на Иницијативата за банкарска околина, чија цела е да се бори против уништувањето на шумите, а истата година ги прифатила и принципите за интегрирање на климатската активност во финансиските институции.
  • Во 2016 година ја потпишала Повелбата за професионална еднаквост и поттикнување на жените, како и Повелбата за интернационалната трудова организација за попреченост.

Наводи[уреди | уреди извор]