Солза

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Солза е телесна течност што се јавува како производ на солзните жлезди во окото на луѓето и некои животни.[1] Солзата е бистра, безбојна и солена течност која во тенок слој ги плакне рожницата и конјуктивот на окото и на тој начин ги штити од сушење и ги подобрува оптичките својства на површината на рожницата. Исто така, при надворешна иритација, солзните жлезди лачат солзи за да го заштитат окото од прашина, микроорганизми и механички надворешни предмети. За време на псиењето, солзните жлезди не лачат солзи.

Состав[уреди | уреди извор]

Скица на окото со солзните жлезди

Човечките солзи се составени од 99% вода, помешана со 1% сол и 0,2% - 0,5% белковини и други органски материи, како: глукоза, аминокиселини и ензими. Хемискиот состав на солзите има антибактериско дејство.

Кај луѓето, солзниот филм кој го премачкува окото, познат како прекорнеален филм, се состои од три слоја:[2]

  • Липиден слој кој се состои од масла кои ги лачат тарзалните или меибоминските жлезди. Обвивката е составена од воден слој, хидрофобна бариера, која го спречува нивното истекување на образот. Овие жлезди се наоѓаат меѓу очмите капаци.[3]
  • Воден слој кој се состои од вода, електролити и други супстанции (протеини, липокалин, лактоферин, лизозим, лакритин, итн.).[4] Него го лажи солзната жлезда, а основна функција му е да го поттикнува ширењето на солзниот филм, како и контрола на инфекциските агенси и регулација на осмозата.
  • Солзен слој кој се состои од муцин и од конјуктивни пехарасти клетки. Тој служи како обвивка на рожницата, а хидрофилниот слој овозможува и дистрибуција на солзниот филм.

Солзата како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]

  • „Солза в уво“ - расказ на македонската писателка Оливера Ќорвезироска од 2010 година.[5]
  • „Солзи“ - расказ на македонскиот писател Горан Петревски од 2014 година.[6]
  • „Солзите не се доволни“ (англиски: Tears Are Not Enough) - песна на британската поп-група АБЦ (ABC) од 1982 година.[7]
  • „Тивки солзи“ (англиски: Silent Tears) — песна на американската рок-група Бед брејнс (Bad Brains) од 1986 година.[8]
  • „Солзи“ (англиски: Teardrops) - песна на дуетот Вомак и Вомак (Womack & Womack) од 1988 година.[9]
  • „Море од солзи“ (англиски: Sea Of Tears) - песна на британскиот музичар Голди (Goldie) од 1995 година.[10]
  • Солзи во рајот“ (англиски: Tears in Heaven) - песна на британскиот рок-музичар Ерик Клептон (Eric Clapton) и Вил Џенингс (Will Jennings).[11]
  • „Солзи“ (англиски: Tears) - песна на британската електронска група Клин бандит (Clean Bandit).[12]
  • „Солзи пред спиење“ (англиски: Tears Before Bedtime) - песна на британскиот рок-музичар Елвис Костело (Elvis Costello) од 1982 година.[13]
  • „Солза“ (англиски: Teardrop) - песна на британската група Масив Атак (Massive Attack).[14]
  • „Многу солзи“ - песна на македонската поп-пејачка Маја Оџаклиевска.[15]
  • „Секоја солза исчезнува“ (англиски: Every Tear Disappears) — песна на американската музичарка St. Vincent од 2014 година.[16]
  • „96 солзи“ (англиски: 96 Tears') - песна на американската музичка група Suicide од 1977 година.[17]
  • „Без солзи“ (англиски: No Tears) - песна на американската музичка група Таксидомун (Tuxedomoon) од 1978 година.[18]
  • Солзата експлодира (англиски: The Teardrop Explodes) - британската рок-група, основана во 1978 година.[19]
  • „Удавена во сопствените солзи“ (англиски: Drown in my own tears) - песна на американската соул-пејачка Арета Френклин (Aretha Franklin) од 1967 година.[20]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Eye, human“, Encyclopædia Britannica 2006, Ultimate Reference Suite, DVD 2009.
  2. Moshirfar M, Pierson K, Hanamaikai K, Santiago-Caban L, Muthappan V, Passi SF (July 2014). „Artificial tears potpourri: a literature review“. Clin Ophthalmol. 31 (8): 1419–33. doi:10.2147/OPTH.S65263. PMC 4124072. PMID 25114502.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  3. „Eye, human“, Encyclopædia Britannica from Encyclopædia Britannica 2006, Ultimate Reference Suite DVD, 2009.
  4. „Ocular Pathology Study Guide: Tear Proteins“. Архивирано од изворникот на 2006-06-27. Посетено на 2019-01-24.
  5. Оливера Ќорвезироска, Две перници. Скопје: Три, 2010, стр. 109-112.
  6. Горан Петревски, Одбрани трудови. Скопје: Темплум, 2014.
  7. Discogs, ABC ‎– The Lexicon Of Love (пристапено на 11.3.2021)
  8. Discogs, Bad Brains ‎– Quickness (пристапено на 10.11.2019)
  9. YouTube, Womack & Womack - Teardrops (пристапено на 25.1.2019)
  10. Discogs, Goldie ‎– Timeless (пристапено на 24.11.2020)
  11. YouTube, Eric Clapton - Tears In Heaven (Official Video) (пристапено на 25.1.2019)
  12. YouTube, Clean Bandit - Tears (feat. Louisa Johnson) [Official Video] (пристапено на 25.1.2019)
  13. YouTube, Tears Before Bedtime -- Elvis Costello (пристапено на 28.3.2018)
  14. YouTube, Massive Attack- Teardrop (пристапено на 25.1.2019)
  15. YouTube, Маја Оџаклиевска - Многу солзи (LIVE) (пристапено на 14.10.2019)
  16. Discogs, St. Vincent – St. Vincent (пристапено на 15.4.2021)
  17. Discogs, Suicide – Suicide (пристапено на 4.5.2021)
  18. DISCOGS, Tuxedomoon ‎– No Tears (пристапено на 9.5.2021)
  19. Discogs, The Teardrop Explodes (пристапено на 12.3.2021)
  20. YouTube, Aretha Franklin - I Never Loved A Man The Way I Loved You (пристапено на 2.2.2019)