Лизозим

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Кристали на лизозим

Лизозим, исто така познат како мурамидаза или N-ацетилмурамид гликанхидролаза е ензим, кој според својата функција претставува гликозид хидролаза. Овие ензими го оштетуваат бактерискиот клеточен ѕид со катализирање на хидролизата на 1,4-бета-врските помеѓу N-ацетилмураминската киселина и N-ацетил-D-глукозаминските резидуи во пептидогликанот и врските помеѓу N-ацетил-D-глукозаминските резидуи во хитодекстрините. Лизозимот е присутен во голем број на секрети, како солзи, плунка, човечко млеко, и мукус.