Скопје (ликовна колонија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Скопје претставува меѓународна ликовна колонија која се орджува секоја година во престолнината на Македонија, Скопје. Ликовната колнија започнала да се орджува од 2006 година. Традиционално се одржува секогаш кон крајот на август. Организатор на оваа ликовна манифестација е Музејот на Град Скопје, а покровител градоначалникот на Град Скопје.[1] Делата на уметниците се изложуваат на денот на ослободувањето на Скопје, 13 ноември.

2006[уреди | уреди извор]

На првата меѓународна ликовна колонија учествуво зеле Васко Ташковски, Симон Шемов, Владимир Георгиевски и Решат Амети од Македонија и уметници од Бугарија, Турција, Франција, Германија, Србија и Грција.[2] Странските уметници доаѓале од збратимените градови на Скопје, како од Нирнберг, Германија -Курт Неубауер, потоа Рухан Сахиноглу од Истанбул, Димитар Јаранов од Софија, Богољуб Ивковиќ од Белград, Никос Вартимидиас од Солун и Никол Ламаил од Дижон, Франција[3]

2007[уреди | уреди извор]

Во 2007 година, на втората ликовна колонија учествувале Ли Еунхан од Нирнберг, Германија, Златко Трако уметник од Сараево, Босна и Херцеговина, Десислава Денева од Софија, Бугарија, Игор Бамфри од Љубљана, Словенија, Јашал Чаули од Истанбул, Турција и Касиопеја Наумовска, Кирил Ефремов, Илија Кочовски, Билгаип Кочишта - Биге, Ниче Василев од Македонија.[4]

2008[уреди | уреди извор]

На третата ликовна колонија во 2008 година, учесниците работеле во хотелот Арка во специјално подготвени простори за работа. За време на ликовната колонија била организирана и еднодневна екскурзија низ Скопје и околината со цел гостите од странство да се запознаат со културно-историските богатства на Скопје. На манифестацијата од Македонија учествувале: Таки Павловски, Мариета Сидовски, Никола Иванов - Балтон, Павле Кузмановски и Сафет Спахиу, а гости од странство биле уметниците: Жан Кирстен, Барбара Лидфордс, Румен Лаптев, Луција Страмец и Мирослав Јовановиќ.[5]

2009[уреди | уреди извор]

На колонијата во 2009 година учествувале десетина уметници, меѓу кои домашните Маја Џартовска - Хил, Томе Мишев, Вељо Ташовски, Бурхан Аџмети и Жаклина Глигориева - Кочоска, како и гостите Фабиен Лид од Франција, Анка Крашна од Словенија, Ахмед Озел од Турција, Алдемар Ибрахимовиќ од Црна Гора, Славица Марин од Хрватска и други. Специјални гости на ликовната манифестација ниле уметници од Истанбул и од Дижон, кои работеле во посебни простории.[6]

2010[уреди | уреди извор]

Во 2010, колонија се оджала во хотелот Арка, каде покрај домашните, учествувале уметници од Турција и од Франција. Учесниците на ликовната колонија престојувале во Старата чаршија и во своите дела ја претставиле уникатната мешавина на архитектура, култура и традиции. По завршувањето на колонијата, бил отпечатен каталог и се организирала изложба со делата од колонијата.[7]

2011[уреди | уреди извор]

На 6 ликовна колонија учествувале десет ликовни уметници од земјата и од странство. Делата од ликовната колонија,биле изложени на 13 ноември, по повод одбележувањето на годишнината од ослободувањето на Скопје. Покрај македонските уметници: Денис Тенев, Невзат Бејтула - Кица, Ставре Димитров - Стадим, Наташа Милованчев и Росица Лазеска, иламо уште пет ликовни уметници од странство Милош Поповиќ - Мики (Црна Гора), Јустина Смиетановска - Гек (Германија), Брунилда Мумајеси (Албанија), Ибрахим Газала (Египет) и Сузана Серандер од Шведска.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Завши Меѓународната ликовна колонија „Скопје 2011". Сител. 27 август 2011 - 13:03. Посетено на 2011-08-28. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  2. Коцевска, Јана (3 септември 2006). „Прва меѓународна ликовна колонија „Скопје 2006". А1. Посетено на 2011-08-28.
  3. „Ликовна колонија "Скопје 2006". Вечер. 5 септември 2006. Посетено на 2011-08-28.
  4. „Ликовна колонија Скопје 2007“. Вечер. 24 август 2007. Посетено на 2011-08-28.
  5. „Почна третата меѓународна ликовна колонија „Скопје 2008". Утрински Весник. 19 август 2008. Посетено на 2011-08-28.
  6. „Ликовна колонија „Скопје 2009". Време. 29 јуни 2009. Посетено на 2011-08-28.
  7. „Ликовна колонија „Скопје". Утрински Весник. 23 август 2010. Посетено на 2011-08-28.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]