Прејди на содржината

Никола Иванов - Балтон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Никола Иванов - Балтон
Роден 1948
Штип, НР Македонија СР Македонија
Починал 31 декември 2012
Дојран, Македонија Македонија
Занимање академски сликар

Никола Иванов - Балтон (Штип, 1948 - Дојран, 31 декември 2012) бил истакнат македонски академски сликар. Смртта го затекнала како генерален секретар на Друштвото на ликовни уметници на Македонија.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Иванов е роден во Штип во 1948 година. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во класата на Петар Мазев. Живеел и творел во Скопје. Починал на 31 декември 2012 во Дојран.[1]

Творештво

[уреди | уреди извор]

Доминантно место во севкупниот творечки опус на Иванов има сликарството, но тој еднакво се интересирал и за ликовните медиуми - витраж и мозаик, создавајќи многубројни дела во овие две техники.[2]

Групни изложби
  • Белград, Скопје, Подгорица, Дензли, Париз, Вилмингтон, Њујорк, Детроит
Самостојни изложби
  • 1968 Белград
  • 1976 Битола
  • 1986 Скопје
  • 1987 Подгорица
  • 1992 Лејза, Швајцарија
  • 1993 Струмица
  • 1993 Скопје
  • 2000 Скопје
  • 2001 Скопје
  • 2005 Париз
  • 2009 Софија[3]
Награди
  • 1970 Млади сликари на Град Скопје
  • 1984 Откупна награда од ФАС “11 октомври”
  • 1986 Музеј на современа уметност, “Аквизиции VI”
  • 1994 “Лазар Личеноски”,Скопје
  • 2011 Нерешки мајстори
  1. 1,0 1,1 „Почина Никола Ивановски-Балтон“. Курир. 1 јануари 2013 12:32. Посетено на 2013-01-03. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)[мртва врска]
  2. „Изложба на Никола Иванов-Балтон“. Нова Македонија. 28 декември 2009. Посетено на 2013-01-03.
  3. „Македонски художници в София“ (PDF) (македонски и бугарски). Галерия НДК. 2009. Посетено на 2013-01-03.[мртва врска]