Решат Ахмети

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Решат Амети)

Решат Ахмети (албански: Reshat Ahmeti; Гостивар, 16 мај 1964) — македонски академски сликар[1].

Животопис[уреди | уреди извор]

Ахмети е роден на 16 мај 1964 година во Гостивар. Во 1984 година завршил УПУ во Скопје, а во 1998 дипломирал на ФЛУ во Скопје, а во 2001 година магистрирал на ФЛУ во Приштина[2].

Досега имал над 20 самостојни и 50 групни изложби во Македонија и во странство, а учествувал и на многу домашни и меѓународни колонии. Член е на ДЛУМ. Од 2000 година е ангажиран на факултетот на ликовна уметност во Универзитетот во Тетово. Од 2003 е претседател на Комисијата за ликовно образование при Министерството за образование на Македонија [3].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. В. Величковски, “50 години на ДЛУМ”, ДЛУМ, Скопје, 1996
  2. К. Пиркоска “Contemporary Macedonian Artist: Современи македонски уметници”, Shashoua Press, Лондон, 2002
  3. Скендер Рауфи, (Разговор со уметникот) цабеј, Тетово

Надворешни врски[уреди | уреди извор]