Сергеј Ќетковиќ
![]() | Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Сергеј Ќетковиќ | |
---|---|
![]() | |
Биографски податоци | |
Роден(а) | 8 март 1976 Титоград, СР Црна Гора |
Жанрови | Поп |
Занимања | Пејач |
Инструменти | Вокал |
Период на активност | 1998–сѐ уште |
Мреж. место | sergejcetkovic.com |
Сергеј Ќетковиќ (роден 8 март 1976 во Подгорица) - црногорски пејач на поп музика.
Кариера[уреди | уреди извор]
Ќетковиќ бил член на црногорската група „Ватрена срца“. Со оваа група настапувал на многу фестивали каде бил клавијатуриста и следечки вокал. Соло кариерата ја започнал по распаднувањето на групата „Амфитеатар“, 1998. година на Сунчане скале со песната „Била си ружа“. После две години робота издал компакт-диск под името „Кристина“. То се случило во декември 2000. година, веднаш по фестивалот во Будва, каде настапил со песната „Сати, дани, године“. Песната „Зауставићу вријеме“, „Сати, дани, године“, „Град“ и „Пробуди ме“ биле многу слушани и популарни, а снимил и спотови за тие нумери. По тие песни, во декември 2002. година, во изданието „Горатона“ излегла песна „Буди ми вода“ и дванаесет нови песни. На фестивалот во Будва 2003. година се појавил со песната „Постојим и ја“ со која освоил награда за најдобар аранжман и станува хит. Годината 2004. ја снимил песната „Не могу да ти опростим“ и „Љубави проклета“. Својот трет по ред албум под името „Кад ти затреба“, со десет нови песни, објавил 2005. Најпопуларната меѓу нив е песната „Погледи у тами“ која станала голем хит. На Беовизија 2007. и 2008. година добил награда за поп пејач на годината. 2013. година интерно е избран од страна на јавниот сервис на Црна Гора за претставник на Евровизија 2014, која ќе биде одржана во Данска.
Дискографија[уреди | уреди извор]
- Кристина (2000)
- Буди ми вода (2003)
- Кад ти затреба (2005)
- Пола мога свијета (2007)
- 2 минута (2010)
- Баладе (2011)
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
![]() |
„Сергеј Ќетковиќ“ на Ризницата ? |
- Официјална страница Архивирано на 1 февруари 2011 г.
- Сергеј усвоил девојченце Архивирано на 2 декември 2013 г.