Робер Деснос

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Робер Деснос
Robert Desnos.jpg
Роден/а 4 јули 1900
Париз, Франција
Починат/а 8 јуни 1945
Терезин, Чешка
Занимање писател
Државјанство Французин
Книжевно движење Надреализам

Робер Деснос (француски: Robert Desnos, роден на 4 јули 1900 во Париз - починал на 8 јуни 1945 во Терезин) — француски поет и писател, приврзаник на движењето надреализам.

Биографија[уреди | уреди извор]

Последната позната фотографија од Деснос
Гробот Деснос

Робер Деснос е роден на 4 јули 1900 во Париз, Франција. По завршувањето на колеџот започнал да работи како службеник. Тој работел и како секретар кој ги препишувал текстовите дадени од новинарот Жан де Бонфон[1]. Подоцна тој работел како книжевен колумнист во весникот „Paris-Soir“.

Првите песни од Деснос биле објавени во 1917 година во „La Tribune des Jeunes“ , како и во 1919 година „Le Trait d’union“ и во дадаистичкото списание „Littérature“. Во 1922 година, тој ја објавил својата прва книга, збирка на надреалистички афоризми, со наслов „Rrose Sélavy“ (врз основа на името (псевдонимот) на популарниот француски уметник Марсел Дишан).

Во 1919 година, тој се сретнал со Бенјамин Пере, поет кој го запознал со париската група на приврзаници на дадаизмот, и со Андре Бретон, со кого тој наскоро станал пријател. Додека работел како книжевен колумнист во „Paris-Soir“, Деснос бил активен член на групата надреалисти и се развил посебен талент за автоматско пишување. Тој, заедно со писателите како Луј Арагон и Пол Елијар, ја формирале книжевна авангарда на надреализмот. Иако тој бил пофален од страна на Бретон во 1924 година во „Surrealist Manifesto“ , Деснос не се согласувал со вклученоста на надреализмот во комунистичката политика, што предизвикало судир меѓу него и Бретон. Деснос по судирот продолжил да работи како колумнист.

Во 1926 година, тој ја компонира „The Night of loveless nights“, лирската песна која се занимава со осаменоста, и која била напишана во класичени четиристишија, што го направил поетот повеќе сличен како Шарл Бодлер наместо Бретон. Даснос ја засакал пејачката Ивоне Жорж. Тој напишал неколку песни за неа, како и еротскиот роман „La liberté ou l'amour!“ (1927).

До 1929 година, Бретон јавно го осудил на Деснос, кои за возврат се приклучил кај Жорж Батај во „Documents“. Неговата кариера во радио започнала во 1932 година со шоу посветено на Фантома. Во тоа време, тој се спријателил со Пикасо, Хемингвеј, Арто и Џон Дос Пасос; објавил голем број критички осврти на џезот и киното и се вклучил во политиката. Тој пишувал за многу списанија, вклучувајќи ги „Littérature“, „La Révolution surréaliste“, и „Variétés“. Покрај неговите бројни збирки на поезија, тој објавил и три романи, Deuil pour deuil (1924), La Liberté ou l’amour! (1927), и Le vin est tiré (1943).

Депортација[уреди | уреди извор]

Во текот на Втората светска војна, Даснос бил активен член на француската мрежа на отпорот Réseau AGIR, под раководство на Мишел Холард, често објавувајќи под псевдоними. За Réseau AGIR, Даснос обезбедил информации собрани во текот на својата работа во списанието „Aujourd'hui[2] и направил лажни документи за идентификација, по кое бил уапсен од страна на Гестапо на 22 февруари 1944 година.

Тој за прв пат бил депортиран во германскиот концентрационен логор Аушвиц во окупирана Полска, а потоа во Бухенвалд, Флосенбург во Германија и конечно во Терезин во окупирана Чехословачка во 1945 година.[3][4][5][6].

Робер Деснос починал во „Мала певност“, која се наоѓала на внатрешниот дел од Терезин и кој концентрационен логор бил користен само за политички затвореници, од тифус, еден месец по ослободувањето на концентрациониот логор. Тој пишувал песни за време на неговиот притвор, кои наводно биле случајно уништени по неговата смрт.

Тој е погребан на гробиштата Монпарнас во Париз.

Дела[уреди | уреди извор]

  • Deuil pour deuil (1924)
  • La Liberté ou l’amour! (1927)
  • Rrose Sélavy (1923/1930)
  • Corps et biens (1930)
  • The Night of Loveless Nights (1930/31)
  • Youki 1930 Poésie (1930/32)
  • La Ménagerie de Tristan (1932)
  • Le Parterre d'Hyacinthe (1932)
  • La Grande Complainte de Fantômas (1933)
  • La Géométrie de Daniel (1939)
  • Fortunes (1942)
  • État de veille (1943)
  • Le vin est tiré (1943)
  • Contrée (1944)
  • Le Bain Avec Andromède (1944)
  • Calixto (1944)
  • Chantefables (1945)
  • Chantefleurs (1945)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Lahire, Bernard (2006). La condition littéraire : La double vie des écrivains. Paris: Edition La Découverte. стр. 138. ISBN 9782707149428. OCLC 421524893. http://www.cairn.info/article.php?ID_ARTICLE=DEC_LAHIR_2006_01_0121&DocId=376810&hits=11920+11919+11918+. посет. 29 март 2016 г. 
  2. Conley, Katharine (2003). Robert Desnos, surrealism, and the marvelous in everyday life. Lincoln, Neb.: University of Nebraska Press. стр. 154. ISBN 978-0-8032-1523-8. 
  3. Clinton, Alan Ramon (2004), Mechanical occult : automatism, modernism, and the specter of politics, Peter Lang, ISBN 978-0-8204-6943-0 
  4. Desnos, Youki (1999). Les confidences de Youki. Fayard, Paris
  5. Prouteau, Gilbert (1962). Les dieux meurent le matin. Grasset, Paris
  6. Georges Hugnet, preface to 'Choix de poèmes de Robert Desnos’ published 1945 in L'Honneur des poètes (1ère éd. publique). Editions de minuit, Paris

Надворешни врски[уреди | уреди извор]