Роберт Браун
Роберт Браун | |
---|---|
![]() Роберт Браун во 1855 | |
Роден(а) | 21 декември 1773 Монтрос, Шкотска |
Починал(а) | 10 јуни 1858 Лондон, Англија | (возр. 84)
Националност | Шкот |
Полиња | ботаника |
Познат по | Брауново движење |
Авторска кратенка (бот.) | R.Br. |
Роберт Браун (англиски: Robert Brown) (21 декември 1773, Монтрос, Ангус, Шкотска - 10 јуни 1858, Лондон, Англија) — шкотски ботаничар.
Син на свештеник, студирал медицина во Абердин и во Единбург пред да стане член на британската војска, како најнизок офицер и помошник хирург во 1795 година.
Во 1801 година формирал експедиција со природонаучници на брод за да го истражи брегот на Австралија во и на тоа патување собрал околу 3,900 видови на растенија. Издавал некои од резултатите од патувањето во 1810 година во својата класика „Prodromus florae novae hollandia“. Ја формирал Фондацијата на австралиската ботаника и го рафинирал постојниот систем за класификација на растенијата. Во 1827 година ја префрлил ботаничката колекција на Јозеф Банк во Британскиот музеј и бил задолжен за новиот музејски отсек за ботаника. Следната година ги објавил своите забелешки за феноменот што се нарекува Брауново движење. Во 1831 година го забележал постоењето на растителни клетки, кои ги нарекол нуклеуси (јадра). Бил првиот што ја забележал разликата меѓу голосемените и скриеносемените растенија (цветни растенија).
Користена литература
[уреди | уреди извор]- Енциклопедија Британика (македонска верзија), книга втора (Б-Г), 2005 година, Скопје.
|
- Родени во 1773 година
- Починати во 1858 година
- Шкотски ботаничари
- Бриолози
- Членови на Кралското друштво
- Членови на Кралската шведска академија на науките
- Носители на прускиот Орден за заслуги (граѓански)
- Носители на Коплиевиот медал
- Дописни членови на Петербуршката академија на науките
- Почесни членови на Петербуршката академија на науките
- Членови на Кралската холандска академија на уметностите и науките
- Членови на Американската академија на уметностите и науките
- Членови на Баварската академија на науките
- Членови на Пруската академија на науките
- Членови на Торинската академија на науките
- Почесни членови на Кралското друштво на Единбург