Ристо Галевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Генерал Ристо Галевски
1957 – † 10.11.2007
Генерал Ристо Галевски.jpg
Роден во:Муртино, Македонија Македонија
Починал во:Скопје
Служба во:Македонија Македонија
Период на служба:1975 год. — 2007 год.
Чин:Полициски Генерал
Единици:Macedonian Police insignia.png МВР
Командува/л со:ЕСЗ Тигар
ПЕП
Битки/војни:Војна во Македонија 2001


Ристо Галевски (Муртино, Струмичко, 1957Скопје, 10 ноември 2007) бил првиот полициски генерал и како таков учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Во 2001 година беше назначен за прв човек на македонската полиција, а за неговите заслуги во работењето му беше доделен чинот генерал на полиција.

До последниот ден тој работеше на функцијата помошник-министер на Секторот за Европска унија при Министерството за внатрешни работи. Галевски во текот на својот работен век извршуваше повеќе значајни функции. Починува ненајдено на 50-годишна возраст на 10 ноември 2007 во Скопје.[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Генерал Ристо Галевски по завршувањето на Факултетот за безбедност, во 1975 година се вработи во МВР, каде што извршуваше повеќе работни задачи. Во 1999 година беше назначен за началник на Управата за јавен ред и мир. Во 2000 година беше распореден на работно место заменик на началникот на Одделот за полиција, се' до 2001 година кога беше назначен за раководител на Одделот за полиција, кога со решение на претседателот на Владата се стекна со чин генерал во полицијата.

На 25 јуни 2001 година, како знак протест по повод извлекувањето на терористите со поддршка на највисоките претставници на НАТО и ЕУ, истата вечер околу пет илјади Македонци, меѓу кои голем број на полициски резервисти, се собрале пред Собранието во Скопје на протести, барајќи да им се обрати државниот врв. Луѓето бараа некој од државниот врв, премиерот или претседателот, да им се обрати велејќи дека ако не го сторат тоа, тогаш тие нив нема да ги сметаат за свои претставници. Но, од нив никој не се појави. Така беше до еден часот наутро, кога пристигна генералот на полицијата Ристо Галевски и со мегафон ги повика сите кои се наоѓаа во кругот на Собранието да се повлечат и да им се овозможи на безбедносните сили да продолжат да се ангажираат во одбраната на државата. Генералот ги повика и граѓаните кои имаат распоред во полицијата да се јават во најблиската полициска станица, а беше упатен и апел до сите граѓани кои сакаат да се вклучат во резервниот состав, да се јават во станиците на полицијата кои се наоѓаат најблиску до местото каде што живеат.[2]

На 5 јули 2001 година, началникот на Генералштабот на АРМ Панде Петровски и генералот на полицијата Ристо Галевски, од македонска страна, со претставниците на Европската унија и со НАТО потпишаа изјава за прекин на огнот со албанските терористи. Иста изјава потпишаа и претставникот на таканаречената ОНА Али Ахмети, генералниот секретар на НАТО Џорџ Робертсон и претставникот за заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ Хавиер Солана.

Во 2002 година беше именуван за директор на Центарот за образование на кадри од областа на безбедноста - Скопје, за што по повод 25 години од основање на Факултетот за безбедност доби благодарница за посебен придонес во развојот. Во 2004 година повторно беше преземен во МВР на местото виш советник, а во 2006 државен советник за полициски работи во Кабинетот на министерот.

Во текот на своето работење паралелно посетуваше повеќе курсеви и семинари, како што се курс за полициски менаџмент, обука за антитероризам и кризен менаџмент во Луизијана, САД.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Почина првиот полициски генерал Ристо Галевски“. Утрински Весник. 11 ноември 2007. конс. 2016-06-13. 
  2. „Драматична ноќ пред Собранието на Македонија“. Стар Вест. 27 јуни 2001. конс. 2016-06-13.