Џорџ Робертсон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Лорд Робертсон од Порт Елен
KT GCMG PC FRSA FRSE
10-ти Генерален секретар на НАТО
На должноста
14 октомври 1999 – 5 јануари 2004
Претходник Хавиер Солана
Наследник Алесандро Минуто Рисо
Секретар за државна одбрана
На должноста
3 мај 1997 – 11 октомври 1999
Премиер Тони Блер
Член на парламентот на Обединетото Кралство
На должноста
31 мај 1978 – 24 август 1999
Лични податоци
Роден(а) Џорџ Ислеј Мекнил Робертсон
12 април 1946(1946-04-12)(77 г.)
Порт Елен, Шкотска
Партија Лабористичка партија
Сопружник Сандра Валас (в. Грешка: погрешен формат за време)
Деца 3
Установа Универзитет во Данди

Џорџ Робертсон (роден на 12 април 1946 година) е британски лабуристски политичар кој бил десеттиот Генерален секретар на северноатлантската алијанса од 1999 до 2004 година. Тој служел како Секретар за одбрана на Велика Британија од 1997 до 1999 година, пред да се вклучил во НАТО.

Животопис[уреди | уреди извор]

Се родил во Порт Елен на островот Ислеј во Шкотска, тој бил син на полицаец. Тој кога имал 15 години бил вклучен во протести против паркирањето на Американските јадрените подморници во Шкотска.[1]

Робертсон се женел со Сандра Валас на 1 јуни 1970 година. Тие имаат два сина и една ќерка.

Робертсон преживеал несреќа во јануари 1977 година, поради што му се скршиле колената и скршила вилицата.

Тој прв се вклучил во Дом на комуни како лабуристски пратеник во 1978 година, откако победил на изборите во Хамилтон во мај истата година, предизвикано од смртта на последниот лабуристски пратеник Алекс Вилсон во март од таа година. Тој бил против кандидат на Марго Макдоналд. Робертсон добил 51% од вкупните гласови. Тој бил повторно избран во собранието на следните пет генерални избори, бил претседател на Лабуритската партија во Шкотска, и бил назначен во држаниот совет. Тој бил назначен за Генерален секретар на НАТО од кога германскиот министер на одбрана Рудолф Шрапинг одбил да биде номиниран за таа позицијата.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на 25 July 2011. Посетено на 3 April 2008.