Рефет Елмази

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Рефет Елмази (албански: Refet Elmazi; Теново, Тетовско, 5 септември 1959) е македонски политичар, висок функционер на ДПА, поранешен заменик министер за внатрешни работи и функционер во Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање. Нарекуван е човекот за валканите игри на Тачи[1].

Биографија[уреди | уреди извор]

Елмази е роден на 5 септември 1959 година во село Теново, Општина Брвеница, Тетово. Дипломирал на 19 февруари 1984 година Факултетот за одбрана на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Од 1984 до 1998 година работи како професор во средното училиште „Кирил Пејчиновиќ“, во Тетово, а од 1998 па до 2000 година бил заменик-министер во Министерството за одбрана на Македонија. Од 2000 до 2002 година во Владата на Љубчо Георгиевски бил заменик-министер во МВР, за повторно од 21 септември 2006 да ја врши устата функција се до почетокот на 2008 кога поднел неоптповиклива оставка[2]. На Елмази му се препишува заслуга за обезбедувањето на податоци за полициската акција во селото Бродец[3]. Високите функции на Елмази поминуваат со инциденти и контроверзии во кои меѓународната заедница го посочува за директна вмешаност во изборни насилства и инциденти[4]. На крајот од 2009 година Елмази се повлекува од функцијата како член на претседателството на ДПА и поднесува оставка[5].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Станковиќ, Синиша. „Кој е Рефат Елмази“, Глобус Магазин, 24 јуни 2008 (посет. 5 јануари 2010 г). (на македонски)
  2. Дулови, Лирим (2 јануари 2008). „Рефет Елмази поднесе оставка“ (на македонски). А1. http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=88086. посет. 5 јануари 2010 г. 
  3. Стојчев, Кокан. „ЕЛМАЗИ БЕШЕ И СÈ УШТЕ Е "ДОБРА МУСТРА" НА ТАЧИ“, Македонско Сонце, 18 јануари 2008 (посет. 5 јануари 2010 г). (на македонски)
  4. Дувњак, Гордана. „Собранискиот тепач Елмази финишираше со насилство на изборите“, Утрински Весник, 18 јуни 2008 (посет. 5 јануари 2010 г). (на македонски)
  5. „Оставка на членот на претседателството на ДПА, Рефет Елмази“ (на македонски). Алсат. 31 декември 2009. http://alsat.mk/vesti/zemja/21633.html. посет. 5 јануари 2010 г.