Прејди на содржината

Рене Реџепи

Од Википедија — слободната енциклопедија
Рене Реџепи во 2011

Рене Реџепи (дански: René Redzepi, албански: René Rexhepi; 16 декември 1977) — еден од најистакнатите готвачи на светот. Раководи со ресторанот „Нома“ )Noma). Роден е во Копенхаген. Потекнува од тетовското село Џепчиште, од татко Албанец и мајка Данка.[1] ДОбар дел од детството го провел во Џепчиште, комбинирајќи го со Данска во остатокот од годината. Овие македонски искуства му оставиле силен впечаток и претставуваат значајна инспирација во неговото готвење.

Во 2011 г. е избран за „Најдобар готвач на светот“, а ресторанот „Нома“ неколку години по ред ја добива титулата „Најдобар ресторан во светот“ и Мишленови ѕвездички. Во 2012 г. е прогласен за 11-ти највлијателен човек во светот, а се има појавено на насловната страница на весникот „Тајмс“.[2]

  1. „Рене Реџепи — најпознат Македонец во светот“. Архивирано од изворникот на 2012-09-25. Посетено на 2013-02-17.
  2. „Светски познатиот готвач Рене Реџепи, во емисија на Ентони Бурден, за детството во Македонија“. Архивирано од изворникот на 2014-08-01. Посетено на 2013-02-17.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]