Рене Госини

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Рене Госини
René Goscinny.jpg
Рене Госини
Роден/а Исак Ланг
14 август 1926(1926-08-14)
Париз, Франција
Починат/а 5 ноември 1977(1977-11-05) (воз. 51 г.)
Париз, Франција
Занимање писател
Државјанство Французин
Сопруг/а Жилберте Мило

Рене Госини (француски: René Goscinny, роден на 14 август 1926 во Париз - починал на 5 ноември 1977 во Париз) — француски писател, хуморист и сценарист, автор на приказните во стриповите за Астерикс и Обеликс (со уметникот Алберт Удерзо), Таличниот Том и Малиот Никола (со уметникот Жан Жак Семпе). Тој е еден од најпознатите претставници на француската култура. Стриповите и другите дела со негово учество се продадени во над 500 милиони примероци.

Рани години[уреди | уреди извор]

Рене Госини е роден во Париз во 1926 година, во семејство на еврејски имигранти од Полска[1]. Негови родители биле Станислав Симка Госини, хемиски инженер од Варшава, и Ана Берешнијак од едно мало село кое денес се наоѓа во Украина.[2]. Рене имал брат по име Клод, кој бил шест години поголем од него. На 10 декември 1920 година Станислав и Ана се преселиле во Париз, а се венчале во 1919 година. По две години од раѓањето на Рене, семејството се преселило во Буенос Аирес, Аргентина, бидејќи татко му добил работа. Рене Госини го запоминал среќното детство во Буенос Аирес, а студирал во француските училишта кои се наоѓале во Аргентина.

Во декември 1943 година, една година откако го завршил средното училиште, 17-годишниот Госини го загубил својот татко кој починал од церебрална хеморагија, принудувајќи го да најде работа. Следната година, тој ја добил својата прва работа, како асистент-сметководител во фабрика за обновување на гуми, и кога бил отпуштен следната година, тој станал помлад илустратор во рекламна агенција[3].

Госини заедно со својата мајка ја напуштиле Аргентина и заминале во Њујорк во 1945 година за да се приклучат на нејзиниот брат Борис. За да ја одбегне службата во војската на САД, тој заминал во Франција и се приклучил на француската армија во 1946 година.

Први дела[уреди | уреди извор]

Следната година, тој ја илустрирал книгата „Девојка со очи на злато“ и се вратил во Њујорк. По неговото доаѓање Рене Госини поминал низ најтешкиот период од неговиот живот. За некое време, тој бил без работа, сам и тотално скршен. До 1948 година, сепак, тој закрепнал и започнал да работи во мало студио, каде што тој се спријателил со Вил Елдер, Џек Дејвис и Харви Куртзман[3]. Во тоа време Госини станал уметнички директор на Kunen Publishers каде што напишал четири книги за деца. Во тоа време тој се запознал со Џозеф Жилен, подобро познат како Жиже и Морис, карикатурист и автор на серија Lucky Luke (која Госини ќе ја пишува од 1955 до неговата смрт во 1977 година)[3].

Шефот на Светската новинска агенција го убедил Госини да се врати во Париз и да работи за неговата агенција како шеф на канцеларијата во Париз во 1951 година. Таму тој се сретнал со Алберт Удерзо, со кој започнал долгогодишна соработка[3][4]. Во 1955 година, Госини, заедно со Удерзо, Жан Мишел Шарлије и Жан Хебрад го основале синдикатот „Edipress/Edifrance“.

Астерикс[уреди | уреди извор]

Во 1959 година, Édifrance/Édipresse започнал со пишување во француско-белгискиот магазин Pilote[5]. Госини станал еден од најплодните писатели за магазинот. Во првиот број на списанието, тој ја започнал неговата најпозната креација, Астерикс, заедно со Алберт Удерзо. Серијата претставувала голем која е и натаму популарна во целиот свет.

Смрт[уреди | уреди извор]

Госини починал на 51 година од својот живот, во Париз, од срцев удар на 5 ноември 1977 година[6]. Тој бил погребан во еврејските гробишта во Ница. Во согласност со неговата волја, поголемиот дел од своите пари биле префрлени на главниот рабин на Франција.

По смртта на Госини, Удерзо продолжил со серијата Астерикс, иако со многу побавно темпо.

Дела[уреди | уреди извор]

Серија Година Магазин Албум Издавач Артист
Lucky Luke (Таличниот Том) 1955 - 19770 Spirou и Pilote 38 Dupuis и Dargaud0 Морис
Modeste et Pompon0[a] 1955–1958 Tintin 02 Lombard Андре Франкен
Prudence Petitpas 1957–1959 Tintin Lombard Maurice Maréchal0
Signor Spaghetti 1957–1965 Tintin 15 Lombard Дино Атанасио
Oumpah-pah 1958–1962 Tintin 03 Lombard Алберт Удерзо
Strapontin 1958–1964 Tintin 04 Lombard Артур Беркманс
Астерикс 1959–1977 Pilote 24 Dargaud Алберт Удерзо
Le Petit Nicolas 1959–1965 Pilote 05 Denoël Жан Жак Семпе
Iznogoud 1962–1977 Record и Pilote0 14 Dargaud Жан Табари
Les Dingodossiers 1965–1967 Pilote 03 Dargaud Готлиб
  • a.   ^ As part of a writers' team coming up with gags.
  • The series Lucky Luke, Modeste et Pompon, Asterix and Iznogoud were continued by other writers after Goscinny's death.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Garcia, Laure. „Uderzo, le dernier Gaulois“ (на french). Le Nouvel Observateur. http://hebdo.nouvelobs.com/hebdo/parution/p2136/articles/a280131-uderzo__le_dernier_gaulois.html. 
  2. Според Yeruham Eniss во селото се наоѓала фабрика за производство на сапуни, и во која работеле голем дел од еврејската популација од околуната. Според пописот направен во доцните 1930-тите години, околу 3670 еврејските семејства живееле овде пред Втората светска војна
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Lambiek Comiclopedia. „René Goscinny“. http://lambiek.net/artists/g/goscinny.htm. 
  4. Lagardère. „Release of the 33rd Asterix volume“. http://www.lagardere.com/us/actualites/detail_actu.cfm?idt=9&idn=5994&nav=0. 
  5. BDoubliées. „Pilote année 1959“ (на french). http://bdoubliees.com/journalpilote/annees/1959.htm. 
  6. „Le gag raté de Goscinny : mourir d’un arrêt du cœur chez son cardiologue“ (на french). Sciences et Avenir. http://www.sciencesetavenir.fr/sante/20121108.OBS8681/le-gag-rate-de-goscinny-mourir-d-un-arret-du-c-ur-chez-son-cardiologue.html. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]