Рафаел Сабатини

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Рафаел Сабатини
Portrait of Rafael Sabatini.jpg
Роден/а29 април 1875(1875-04-29)
Јези, Италија
Починат/а13 февруари 1950(1950-02-13) (воз. 74 г.)
Аделбоден, Швајцарија
Занимањеписател
Националноститалијанско, англиско
Значајни делаКрвав капетан

Рафаел Сабатини (Јези, 29 април 1875Аделбоден, 13 февруари 1950) бил англо-италијански писател, најпознат како автор на авантуристички романи,[1] од кои многу се прилагодени во престижните холивудски филмови.

Биографија[уреди | уреди извор]

Роден е во Јези, во семејство на италијански оперски пејач и англиска оперска пејачка[1] Во текот на детството живеел во голем број на држави, од Португалијадо Швајцарија, додека не се населил кај дедо му во Англија. Дотогаш, тој совршено владеел шест јазици, а подоцна тврдел дека англискиот јазик е јазик на кој се напишани сите најдобри приказни.

По краток обид за бизнис кариера, како млад човек, тој се посветил на пишувањето, почнувајќи со раскази во 1890 година, а подоцна и со романи. Меѓутоа, требало речиси една четвртина од век пред да постигне комерцијален успех со своите авантуристички романи од 1920-тите. Во меѓувреме се оженил за Рут Год Диксон, ќерка на богат ливерпулски трговец. Во 1927 година неговиот син Рафаел-Анѓело загинал во сообраќајна несреќа. Од сопругата се развела во 1931 година, а четири години подоцна во 1935 година се оженил повторно за Кристин Род, сестра на својата поранешна сопруга.

Литература[уреди | уреди извор]

  • Knight, Jesse F.; Darley, Stephen (2010). The Last of the Great Swashbucklers: A Bio-Bibliography of Rafael Sabatini. New Castle, DE: Oak Knoll. ISBN 978-1-58456-279-5. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  • 1,0 1,1 „Sabatini, Rafael“. Оксфордски речник на национални биографии (online). Oxford University Press. ДИП:10.1093/ref:odnb/37926. (бара Претплата или членство во британска јавна библиотека .)