Раскази за мали деца (Перл Бак)

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Раскази за мали деца“ — збирка раскази од американската писателка Перл Бак.

Содржина[уреди | уреди извор]

Книгата содржи 13 раскази:[1]

  • Петте деца
  • Гром
  • Сонце
  • Облаци
  • Виножито
  • Што прават децата лете
  • Снег
  • Ѕвезда
  • Стапалки во снегот
  • Што се случува во пролетта
  • На вечера
  • Петар и верверичката
  • Мрак

Технички податоци[уреди | уреди извор]

Како задолжителна лектира за учениците од прво одделение во основните училишта во Македонија, збирката „Раскази за мали деца“ била повеќепати објавувана. Изданието од 1980 година било остварено во соработка со неколку издавачки куќи, и тоа: „Култура“, „Наша книга“, „Мисла“, „Македонска книга“ и „Детска радост“. Преводот го извршиле Васил Куноски, Видое Подгорец и Ванчо Николески, јазичната редакција била дело на Тодор Димитровски, а коректори биле Ружа Димишковска и Павлина Пиперовска. Автор на корицата и на илустрациите во книгата бил Младен Туниќ. Книгата била отпечатена во печатницата на НИП „Нова Македонија“ во тираж од 30.000 примероци. Книгата, која има 24 страници, не е каталогизирана и не ја содржи меѓународната ознака ISBN.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Перл Бак, Раскази за мали деца. Скопје: Култура, Наша книга, Мила, Македонска книга и Детска радост, 1980.
  2. Перл Бак, Раскази за мали деца. Скопје: Култура, Наша книга, Мила, Македонска книга и Детска радост, 1980.