Прејди на содржината

Портал:Турција/Вовед

Од Википедија — слободната енциклопедија

Турција

Република Турција (турски: Türkiye Cumhuriyeti) е е држава која се наоѓа во југозападна Азија и со мал дел од својата територија (3%) во југоисточна Европа. До 1922 година земјата била центар на Отоманската Империја. Анадолскиот полуостров, меѓу Црно Море и Средоземно Море, го формира јадрото на земјата. Денешната Турција е возобновена во 1923 година. Турција се граничи на исток со Грузија, Ерменија, Азербејџан и Иран; на југ со Ирак и Сирија; и на запад со Грција и Бугарија. Главен град на Турција е Анкара, а најголем град е Истанбул. Вкупниот број на население на Турција изнесува 71,158,647 (2007). Турција е член на ОН од 1945 и на НАТО од 1952 година и е земја кандидат за членство во ЕУ.