Пијанист (филм)
„Пијанист (The Pianist)“ | |
---|---|
Постер | |
Режисер | Роман Полански |
Продуцент | Роман Полански Роберт Бенмуса Алан Сард Џин Гатовски |
Главни улоги | Адриен Броди Томас Кречман Френк Финли Морин Липман Емилија Фокс |
Музика | Војќех Киплар Фредерик Шопен |
Кинематографија | Павел Еделман |
Монтажа | Ерве де Лус |
Студио | Studio Canal+ Canal+ Studio Babelsberg |
Дистрибутер | Focus Features Universal Studios |
Премиера | 24 мај 2002 |
Времетраење | 150 минути |
Земја | Франција Полска Германија Велика Британија |
Јазик | англиски полски германски руски |
Буџет | $35,000,000 |
Бруто заработка | $120,072,577 |
„Пијанистот“ е биографски воен драма филм во режија на Роман Полански, снимен во 2002 година. Филмот е адаптација на истоимената автобиографија на полскиот Евреин, музичарот Владислав Шпилман. Филмот е копродукција помеѓу Полска, Франција, Германија и Велика Британија.
„Пијанистот“ доби Златна палма на Канскиот филмски фестивал во 2002, БАФТА за најдобар филм и најдобра режија, и седум Цезари, меѓу кои и за најдобар филм, најдобра режија и најдобар глумец за Адриен Броди. На 75-те Оскари, „Пијанист“ беше награден за најдобро адаптирано сценарио (Роналд Харвуд), најдобра режија (Полански) и најдобар глумец (Броди), а беше номиниран и за четири други Оскари, меѓу кои и за најдобар филм на годината.
Главни улоги
[уреди | уреди извор]Глумец | Улога |
---|---|
Адриен Броди | Владислав Шпиљман |
Томан Кречман | кап. Вилм Хозенфелд |
Френк Финлеј | татко |
Морин Липман | мајка |
Емилија Фокс | Дорота |
Ед Стоперд | Хенрик |
Џулија Рејнер | Реџина |
Џесика Кејт Меер | Халина |
Михал Жебровски | Јурек |
Содржина
[уреди | уреди извор]На Владислав Шпиљман, славен полско-еврејски пијанист кој работи за варшавско радио, целиот свет му се руши пред неговите очи со почетокот на Втората светска војна и инвазијата на Полска во септември 1939. По рушењето на радио станицата во експлозија, Шпиљман заминува дома и дознава дека Велика Британија и Франција ѝ објавиле војна на Германија. Тој и неговото семејство започнуваат да слават, верувајќи дека војната ќе заврши брзо.
По окупирањето на Варшава од страна на нацистичките СС одреди, условите за живот на еврејската популација сè побрзо се загрозува, затоа што нивните права сè повеќе се нарушуваат: најпрво се ограничени со одредена количина пари по семејство, потоа мора да носат тракa на раката со Давидова ѕвезда за идентификација, а на крајот од 1940., сите се присилени во валкано Варшавско гето. Тука се соочуваат со глад, прогон и понижување од страна на СС уредите и постојан страв од смрт или насилство. Нацистите сè повеќе и повеќе стануваат садистични, а семејството искушува многу ужаси кои им се случуваат на нивните соседи.
Набрзо семејството, заедно со илјадници други, е испратено за депортација за концентриски логор во Треблинка. Додека Евреите ги присилуваат во вагони за стока, Шпиљман во последен час го спасува еден од членовите на Еврејската гето полиција, пријател на семејството. Одвоен од семејството и саканите, Шпиљман преживува, најпрво во гетото како роб за германските реконструкциски единици, а потоа се крие надвор, наклонувајќи се на помошта на не-Евреите кои сè уште го помнат.
Додека преживува криејќи се, сведочи многу ужаси кои ги чинат СС одреите, како масовни убиства, удирања и спалувања. Шпиљман го сведочи и Востанието во Варшавското гето и неговиот епилог кога СС одредот присилно влегува во гетото и ги убиваат скоро сите преживеани.
Меѓу членовите на СС одредите е и личноста (за која после војната се открило дека се вика Јозеф Блуше) која се занимава со пронаоѓање на останатите, скриени Евреи и која убила 2000 луѓе без причина и без милост, вклучувајќи трудни жени и деца. Две сцени потсеќаат на типични Блушови акции во кои сведочеле жртви или негови поранешни другари од СС: во една сцена, Блуше ладнокрвно одбира и потоа ликвидира неколку заробени Евреи за кои заклучува дека не се доволно млади и во форма за работа во градежништво. Во втората сцена, убива млада мајка откако го прашала каде ги депортираат.
Поминува година, а животот во Варшава сè повеќе се влошува. Во неколку прилики Шпиљман за малку не умира од жолтица и неисхранетост. Полското отпорно движење подигнува Варшавско востание против германските окупатори. Варшава потоа е срамнета и депопулазирана. Додека Варшавското население се обидува да побегне од рушевините, а СС одредите бегаат од претстојните руски војски, Шпиљман е оставен сам.
Очајнички се обидува да пронајде храна во куќите кои не се срушени. Додека се обидува да отвори конзерва со храна, сфаќа дека го гледаат од назад. Набрзо открива дека не го открила гетовската СС патрола, туку капетан од регуларната германска војска, Вилм Хозенфелд. Хозенфелд најпрво го замолува збунетиот Шпиљман да му отсвири нешто на пијано. Исцрпениот Шпиљман, само неговата сенка од сјајниот пијанист каков што некогаш бил, ја отсвирува за Хозенфелд Шопеновата балада во Ге-мол. Хозенфелд е допрен и му дозволува да продолжи со криење во поткројвето на зградата. Дури и му носи храна, со што му го спасува животот на прегладнетиот Шпиљман.
Проаѓаат уште неколку недели, а германските сили се присилени да се повлечат од Варшава поради навлегувањето на Црвената армија. Пред да го напушти подрачјето, Хозенфелд го прашува како се вика, а откако слуша, се нашалува дека е соодветно за пијанист (Шпиљман (пол. Szpilman) е хомоним за германскиот Spielmann, што значи „човек кој свири“). Хозенфелд дури и му ветува дека ќе го слуша на полското радио. Му го дава својот капут и заминува. Подоцна тој капут за малку да се покаже кобен за Шпиљман кога полските сили, ослободувајќи го тоа што останало од Варшава, го помешуваат со германски службеник и започнуваат да пукаат по него. Сепак успева да ги увери дека е Пољак и тие го прекинуваат пукањето. По острото прашање кое му го поставуваат „Зошто го носиш тој еб*н капут?“, преплашениот Шпиљман едноставно одговара, „Ладно ми е“.
По ослободувањето на околниот логор, заробен е капетанот Хозенфелд со другите Германци. Хозенфелд го замолува еден од еврејските затвореници, музичар, да контактира со Шпиљман да го ослободи. Шпиљман, кој повторно почнал да свири за варшавското радио, стигнува на местото на настанот прекасно; сите заробеници се одведени. Во последната сцена од филмот, Шпиљман триумфално го изведува Шопеновиот Grand Polonaise Brillante во Е-дур пред голема публика во Варшава. Пред одјавната шпица се открива дека Шпиљман после се преселил во Америка и починал 2000., а Хозенфелд починал 1952. во советскиот логор за воени заробеници.
Продукција
[уреди | уреди извор]Приказната ја делеа многу други со режисерот Роман Полански, затоа што тој побегнал од Краковското гето како дете откако починала мајка му. До крајот на војната живеел на фармата од селанец. Неговиот татко скоро би умрел во логорите, но сепак повторно се сретнале по завршувањето на војната.
Снимањето на „Пијанистот“ започнало на 9 февруари 2001. во студиите на Бабелсберг во Потсдама, Германија. Варшавското гето и градот направени се во студиите по моделот на вистинските во текот на војната. Старите советски воени бараки послужиле за создавање на уништениот град, со оглед на тоа што и онака требало да се уништат.
Првите сцени на филмот се снимени во старите воени бараки. Набрзо потоа, екипата се преселила во вилата во Потсдама, која послужила како куќа во која Шпиљман го запознава Хозенфелд. На 2 март 2001. снимањето се преселило во напуштена советска воена болница во Белицу, Германија. Тука се снимени сцени во кои Германците ја уништуваат болницата со пламенофрлачи. на 15 март снимањето конечно се преселило во судиите на Бабелсберг. Првата сцена снимена таму била онаа во која Шпиљман го сведочи востанието во гетото, кое на крај го задушиле нацисти. Сцената била завршена на 26 март, а на 29. се преселиле во Варшава. Уништениот дел на Прага е избран за снимање поради многуте оригинални згради. Сцената во која Шпиљман, неговото семејство и другите Евреи чекаат да ги однесат во концентрациските логори е снимена во локалната воена академија. Снимањето е завршено во јули 2001., а следеле месеци постпродукција, која е направена во Парија, каде Полански е роден и моментално живее.
Прифаќање
[уреди | уреди извор]Филмот прими исклучително позитивни прегледи од критиките и изведбата на Броди беше дочекана со светски воодушевувања. Од 14 Јули 2012, „Пијанистот“поседува резултат од 96% од прегледите на мрежното место Rotten Tomatoes. Metacritic го оценува филмот со 85% засновано на 40 прегледи.
Роџер Еберт истакна „веројатно рамнодушниот квалитет одразува што Полански сака да пренесе... Со прикажувањето на Шпиљман како преживувач, а не борец или херој-како човек кој прави сè за да се спаси, би умрел без огромната среќа и добрина на неколкуте не-Еврејци. Полански ги одразува... неговите најдлабоки чувства: дека преживеал, дека неговата мајка починала и оставила рана што никогаш не би заздравила.“
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Матична страница
- The Pianist на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- The Pianist на Box Office Mojo
- The Pianist на Rotten Tomatoes.
- United States Holocaust Memorial Museum – Szpilman's Warsaw: The History behind The Pianist Архивирано на 25 септември 2007 г.
- Кога музиката живее во човекот[мртва врска]
|