Армија Крајова

Од Википедија — слободната енциклопедија
Армија Крајова
Armia Krajowa
Котвица, еден од симболите на Армија Крајова
Активна14 февруари 1942 – 19 јануари 1945
ЗемјаПолска
Припадност Полска влада во егзил
УлогаВооружени сили на Полската Подземна Држава и Полската влада во егзил
Големина400,000 (1944)
БиткиВтора светска војна
Команданти
Истакнати
команданти
Тадеуш Коморовски
Стефан Ровецки
Леополд Окулицки
Емил Август Филдорф
Антониј Хрусцел
Обележја
ЗнакКотвица

Армија Крајова (на полски: Armia Krajowa, слободен превод: Домашна Армија) — воена организација и доминантно полско движење при отпорот во Полска за време на окупацијата на земјата од страна на Нацистичка Германија и Советскиот Сојуз во Втората светска војна. Таа била формирана во февруари 1942 година. Во текот на следните две години, таа ги апсорбирала повеќето други полски подземни сили. Таа ја поддржувала полската влада во егзил и претставувала вооружено крило на Полската Подземна Држава.

Проценките за силата на Армија Крајова во 1944 година се движат од 200.000 до 600.000, но најчесто цитирана бројка е 400.000. Според тој податок, оваа армија била една од трите најголеми во Европа за време на Втората светска војна. Армија Крајова била распуштена на 19 јануари 1945 година, откако советската Црвена Армија ја окупирала земјата.

Најпознатата операција на Армија Крајова било Варшавското востание во 1944 година. Партизаните, исто така, ги бранеле полските цивили од злосторствата извршени од страна на други воени формации.

Бидејќи Армија Крајова била лојална на полската влада во егзил, Советскиот Сојуз ја сметала за пречка при проширувањето на сталинизмот во Полска. Како последица на тоа, во текот на војната, отпорот на Армија Крајова бил насочен и кон советските сили.

Воени операции[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]