Пенивајз

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Пенивајз (Тоа)
ПенивајзКловнот.jpg
Тим Кари од минисеријата од 1990 г. (лево) и Бил Скарсгорд (десно) од 2017 г.
Прво појавувањеТоа (1986)
СоздавачСтивен Кинг
ТолкуваТим Кари
Бил Скарсгорд
Информации
Полно именепознато (евентуално безимен)
АлијасТоа
Пенивајз
Танцувачкиот кловн
Кловнот
Занимањекосмички дух
сериски убиец
кловн (камуфлажа)
ПотеклоТоа (роман)

Тоа (англиски: It), исто така познат по својата сакана камуфлажа како Пенивајз, танцувачкиот кловн (англ. Pennywise the Dancing Clown) — главниот антагонист на романотТоа“ од Стивен Кинг, и неговите адаптации. Пенивајз ги јаде стравовите на децата, но и самите тие. Во романот, тој се појавува како моќно и античко суштество што дошло од друг свет. Се буди на секои 27 години за да ги лови децата од измислениот град Дери, Мејн, користејќи разни трикови, како што е способноста да манипулира и да се трансформира.

Во интервју од 2013 година, Кинг рекол дека дошол до идеја за Тоа откако се запрашал што ги плаши децата „повеќе од сè на светот“.[1] Почувствувал дека одговорот е кловн, иако прво на ум му дошол трол како оној од бајката „De tre bukkene Bruse“, кој живее во канализацијата.[2][2] Се појавил двапати на филмското платно. За првпат во истоимената минисерија од 1990 година, каде што го толкувал Тим Кари, кој добил пофалби за неговата интерпретација.[3] Второто толкување се појавило во истоимениот филм од 2017 година, каде што го толкувал Бил Скарсгорд, исто така пофален за интерпретацијата; Скарсгорд ја повторил својата улога во продолжението од 2019 година.[4]

Карактеристики[уреди | уреди извор]

Тој е чудовиште што го менува обликот, неговата омилена камуфлажа е кловнот Пенивајз. Се појавил во празнината што ја опкружува Универзумот, позната во романот како „Макровселена“. Дошол на Земјата со метеорит откако се судрил со астероид пред милиони години, се населил под земја на која ќе биде изграден Дери. Разбуден по појавата на индиските племиња, по едногодишниот лов паднал во сон цели 27 години. Покрај човечкото месо, тој бил заситен со страв, честопати добивајќи форма на она од што најмногу се плаши неговата жртва. Претпочита деца, бидејќи нивните стравови се полесни да се протолкуваат, а возрасните биле потешки да се плашат.

Способен да манипулира со луѓе со слаба волја, правејќи ги рамнодушни или прилагодувајќи се на улогата на соучесници. Хибернацијата започнува и завршува со ужасни настани, како што се мистериозното исчезнување на 300 доселеници во градот Дери во 1740—1743 година, или експлозија на металуршка фабрика. Се разбудил за време на насилното невреме што го беше поплавило дел од градот во 1957 година, кога помладиот брат на Бил Денборо, Џорџи, станал првиот во низата убиства пред „Клубот на губитници“ да се бори со чудовиштето. Со помош на ритуалот, Тоа бил тешко ранет и хиберниран, и конечно бил убиен 27 години подоцна од вториот ритуал. По неговата смрт, огромно невреме го оштетило централниот дел на Дери.[5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Radford, Benjamin (2016). Bad Clowns (англиски). UNM Press. ISBN 9780826356673.
  2. 2,0 2,1 „StephenKing.com - IT Inspiration“. stephenking.com. Архивирано од изворникот на 25. 12. 2017. Посетено на 17. 10. 2018. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |archive-date= (help)
  3. Paquette, Jenifer (2012). Respecting The Stand: A Critical Analysis of Stephen King’s Apocalyptic Novel (англиски). McFarland. ISBN 9780786491001.
  4. „IT: CHAPTER 2 Announces Its Release Date | Nerdist“. Nerdist (англиски). 2017. Архивирано од изворникот на 04. 07. 2018. Посетено на 17. 10. 2018. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |archive-date= (help)
  5. „IT: Pennywise the Monster Clown Origin Explained“. ScreenRant (англиски). 2017-09-11. Посетено на 2021-08-25.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]