Па (утврдување)
„Па (утврдување)“ на Ризницата ? |
Па (маорски: pā) е маорско село во Нов Зеланд ко е е утврдено и изградено за одбрана. Тие се сметале за племенски општествен и социо-политички центар на сите иви. Во маорското општество, големо па ја претставувало маната (власта) на еден поглавар или рангатира. Речиси сите па биле изградени на безбедни и плодни места. Иако биле изградени за одбрана, тие биле воглавно живеалишта.
Паорски па играле значајна улога во Маорските војни.
Па биле конструирани од луѓе кои се бореле со мускети и рачни оружја (како копје, таиаха и мере) против Британската војска и вооружена полиција кои имале мечеви, пушки и тешки оружја како хаубици и ракетна артилерија. Обично се правеле за доста кратко време, често помалку од два дена, и пружале отпор долги часови, а понекогаш и недели.
Ограничувачки фактор бил тоа што луѓето морале да одат дома за да обработуваат земја или да собираат од природата. Затоа 4 до 6 месеци годишно овие утврдувања биле напуштени.
Некои јавни „па“ во Нов Зеланд
[уреди | уреди извор]- Залив на Островите: Корорипо, Керикери
- Фангареи: Парахаки
- Окленд: Маунгакиекие, Рид со Едно Дрво, Маугафау, Идн, Те Пане А Матаахо, Мангере
- Коромандел: р‘т Опито, Фитианга
- Залив Пленти: Капу те Ранги, Факатане'
- Хоков Залив: Отатара, Тарадејл
- Таранаки: Те Кору, Оакура, Ококи (Сер Питер Баков споменик)
- Марлборо: р‘т Карака, Пиктон
- Кантербери: Каиапои, Вуденд
- Отаго: Хуриава, Каритане Катики, јужно од Моераки Мапоутахи, Пуракаунуи
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Археолошки наоѓалишта на разни „па“ (англиски)