Патување до Месечината (филм од 1902)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Патување до Месечината (француски: Le voyage dans la lune) - француски филм од 1902 година, во режија на Жорж Мелие. Улогите во филмот ги играат: Жорж Мелие, Виктор Андре, Блует Бернон, Анри Деланој, итн.

Содржина[уреди | уреди извор]

Група астрономи организираат патување до Месечината. Вселенското летало е катапултирано со помош на голем топ и тоа се закачува на површината на Месечината. Таму, астрономите се грабнати од жителите на Месечината, меѓутоа тие успеваат да побегнат и да се вратат на Земјата. Притоа, бркајќи ги бегалците, еден жител на Месечината успева да го фати вселенското летало, така што и тој пристигнува на Земјата. По враќањето, астрономите организираат парада.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]