Прејди на содржината

Парвиз Моин

Од Википедија — слободната енциклопедија

Парвиз Моин (персиски: پرویز معین Parviz Mo'in, р. 23 октомври 1952 во Техеран) — професор по машинско инженерство на универзитетот „Стенфорд“ и проучувач на динамиката на флуиди. Тој е еден од најчесто цитираните истражувачи во неговата дејност.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Моин, кој е по потекло од Иран, моментално живее во Калифорнија, САД. Тој дипломирал на отсекот за машинско инженерство на Универзитетот во Минесота во 1974 год., а потоа и стекнал две магистерски титули на програмите за математика и машинско инженерство, пред да докторира во областа на машинското инженерство на универзитетот „Стенфорд“ во 1978 година.[1] Во 1981 год. Моин станува натурализиран американски државјанин. Работи неколку години во истражувачкиот центар „Ејмс“ на НАСА пред да се приклучи на наставно-истражувачкиот кадар на универзитетот „Стенфорд“ во 1986 година.

Истражување

[уреди | уреди извор]

Моин е пионер во комјпутерската динамика на флуиди. Тој пред сè е познат за неговите директни бројчени симулации и симулации со големи витли за проучување на турбулентноста. Моин има објавено бројни трудови со модели за турбулентни текови, особено под влијание на сили на смолкнување, во близина на ѕидови, интеракција на шоковни бранови и турбулентност, аеродинамичка бука и паралелна обработка на податоци.

Професорот Моин, од 1987 год., е основач и единствен директор на Центарот за инстражување на турбулентност, како соработка меѓу „Стенфорд“ и „Ејмс.“[2]

Награди и признанија

[уреди | уреди извор]

Моин е добитник на бројни државни и меѓународни награди и признанија за неговата истражувачка и наставна дејност. Меѓу најзначајните може да се вбројат:

  1. „Stanford FPCE : People - Parviz Moin“. web.stanford.edu. Посетено на 2019-07-12.
  2. „Current | Center for Turbulence Research“. ctr.stanford.edu. Архивирано од изворникот на 2019-07-11. Посетено на 2019-07-12.
  3. „Four Stanford faculty elected to National Academy of Engineering (2/97)“. news.stanford.edu. Архивирано од изворникот на 2019-07-12. Посетено на 2019-07-12.
  4. Stanford, © Stanford University; Notice, California 94305 Copyright Complaints Trademark (2010-05-03). „Ten scholars, researchers named to American Academy of Arts and Sciences“. Stanford University (англиски). Посетено на 2019-07-12.