Панче Арсовски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Роден 1922
Скопје
Починал 1944
Скопје
Занимање партизан


Панче Арсовски (1922, Скопје – 1944, Скопје) – револуционер и борец во НОВ.[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Панче Арсовски бил роден во Скопје во 1922 година. Основно училиште завршил во родниот град, а поради сиромаштија не можел да продолжи со школувањето, туку започнал да изучува чевларски занает. Бил активен член на Урсовите синдикати, учествувал во штрајкови што ги организирале УРС синдикатите. Бил еден од организаторите на музичката секција на КУД „Абрашевиќ“, и активно учествувал во собирање на народна помош.

Во текот на Втората светска војна, Панче станал член на КПЈ. Во септември 1941 година бил затворен од бугарската полиција и осуден на казна затвор. Казната ја издржувал во Скопје, Плевен и Варна. По излегување од затвор, во септември 1944 година, стапил во редовите на Дванаесеттата скопска ударна бригада. Во борбите за ослободување на Скопје се борел во првите борбени редови на улиците на Скопје, а против германските фашисти. Загинал во текот на борбите.

Спомен биста на Панче Арсовски била поставена во дворот на училишниот центар во Железарницата, откриена во 1980 година. Автор на бистата бил Цветан Димитровски.


Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Крсто Здравковски: „Да не се заборави“, Архив на Скопје, 1982 г., стр. 139

Поврзано[уреди | уреди извор]