Пабло Ластрас

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Пабло Ластрас
Ластрас на Тур де Валони 2014
Лични податоци
Цело имеПабло Ластрас Гарсија
Роден20 јануари 1976 (1976-01-20) (43 г.)
Мадрид, Шпанија
Висина1,83 м
Маса68 кг
Податоци за клубот
Мом. клубПензиониран
ДисциплинаДрумски велосипедист
УлогаВозач
Вид на возачПомошник
Професионални клубови
1998–2015 Банесто
Значајни победи
Тур де Франс, 1 етапа
Џиро д’Италија, 1 етапа
Вуелта а Еспања, 3 етапи
Последна промена
20 јануари 2016

Пабло Ластрас Гарсија (шпански: Pablo Lastras García; р. 20 јануари 1976 во Мадрид) — поранешен шпански професионален друмски велосипедист, кој професионално настапувал во периодот 1998-2015 година, возејќи за UCI World Tour екипата Мовистар Тим.[1]

Ластрас освоил етапа на Тур де Франс 2003 и уште две етапи на Вуелта а Еспања 2002. Во 2005 ја освоил осмата етапа на Тур де Свис. Исто така ја освоил трката Вуелта а Бургос во 2003. Во 2007, екипата Кес д’Епарњ објавила дека ќе го отпушти, но по етапната победа на Енеко Тур неговиот договор бил обновен за уште една година. Ластрас имал успеси на генералните пласмани на Вуелта а Андалусија и второто место на етапа од Џиро д’Италија. Во 2011, Ластрас ја освоил третата етапа на Вуелта а Еспања.

По 18 години како професионален, во октомври 2015 година, Ластрас објавил дека се повлекува од трки откако не успеал да се опорави од повредите на карлицата здобиени при пад на Волта а Каталуња во март истата година. Настапил на вкупно 17 големи трки и 29 класици.[2][3]

Достигнувања[уреди | уреди извор]

1999
1. Етапа 2a Трофеу Жоаким Агостињо
1. Етапа 12 Волта а Португал
2000
10. Краен пласман ГП до Мињо
1. Етапа 4
2001
1. Меморијал Мануел Галера
1. Етапа 11 Џиро д’Италија
1. Етапа 4 (ТТТ) Волта а Португал
3. Краен пласман ГП Кореиос де Португал
3. Џиро дела Тоскана
9. Краен пласман Тур де л’Авенир
2002
Вуелта а Еспања
1. Етапа 9
1. Етапа 11
1. Етапа 1 (ТТТ) Волта а Португал
7. Класика де Алмерија
7. Џиро ди Ломбардија
2003
1. Краен пласман Вуелта а Бургос
1. Етапа 18 Тур де Франс
1. Етапа 2 (ТТТ) Вуелта а Кастилја и Леон
4. Милано-Торини
2004
6. Субида ал Наранко
9. Краен пласман Волта а Каталуња
1. Етапа 1 (ТТТ)
10. Трофео Луис Пуиг
2005
1. Етапа 8 Тур де Свис
4. Јапонски куп
2006
4. Класика де лос Пуертос
6. Краен пласман Ескалада а Монжуик
10. Краен пласман Трка околу Германија
2007
1. Етапа 6 Енеко Тур
6. Краен пласман Трка околу Полска
2008
1. Краен пласман Вуелта а Андалусија
2009
5. Трофео Калвија
5. Јапонски куп
8. Париз-Тур
9. Краен пласман Трка околу Полска
10. Џиро дел Пиемонт
2010
3. Пруеба Вилјафранка де Ордизија
3. Џиро ди Ломбардија
2011
1. Етапа 3 Вуелта а Еспања
3. Пруеба Вилјафранка де Ордизија
7. Краен пласман Вуелта а Бургос
1. Етапа 3 (ТТТ)
2014
7. Краен пласман Тур де Валони
9. Вуелта а Ла Риоха

Распоред на резултатите на Гранд Тур[уреди | уреди извор]

Гранд Тур 2001 2002 2003 2004 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015
Jersey pink.svg Џиро 49 42 64 45 113 38 СО 85
Jersey yellow.svg Тур 67
Jersey red.svg Вуелта 17 55 38 19 48 44 74 СО

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Мувистар Тим (MOV) – ШПА“. Светска турнеја UCI. Меѓународен велосипедистички сојуз. конс. 8 јануари 2013. 
  2. „News Shorts: Pinot to lead FDJ at Volta ao Algarve“. Сyclingnews.com. 23 декември 2015. конс. 24 декември 2015. 
  3. „Pablo Lastras retires after 18-year career“. Сyclingnews.com. 30 октомври 2015. конс. 24 ноември 2015. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]